Големо осветување на храмот „Света Лидија“ во Нова Битола

На 22.06.2019 г., кога го празнуваме споменот на Свети Кирил, архиепископ Александриски, Свети Кирил Белоезерски и Свети Алексеј Мечев, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на  протоерејот-ставрофор Никола Грамбозов, протоереите Златко Костовски, Кирил Трајковски, Димитар Михајловски, протоѓаконот Драган Ѓорѓиевски и ѓаконите Ѓорѓи Делев, Златко Крстевски и Крсте Тасески, изврши Големо осветување на храмот посветен на „Света Лидија“, во Битола. После Големото советување, беше отслужена Света Божествена Литургија.

На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

„Се зарадував кога ми рекоа: ‚Да одиме во Господовиот Дом!’“ (Псал. 122, 1)

Овие зборови на псалмопевецот, браќа и сестри, говорат за тоа колкава е радоста на луѓето, кога одат во домот Господов.

Зошто радоста на луѓето, е толку голема кога одат во домот Господов? Таа радост е голема, затоа што таму е најблиска средбата со Бога, средбата со Отецот, и Синот и Светиот Дух.

На Божествената Литургија, браќа и сестри, се случува најголемото чудо. На Божествената Литургија, продолжува создавањето на светот, се преповторува раѓањето во плот на Спасителот наш Господа Исуса Христа, кое е изразено во првиот дел од Светата Литургија т.е. на Проскомидијата, каде што севештеникот или епископот, го вадат најнапред Агнецот, Кој е всушност Самиот наш Спасител Господ Исус Христос. Кога свештенкот од просфората или од приносот Го вади Агнецот, тогаш вели дека не се знае од каде е Неговото потеклото, бидејќи Неговото потекло е небесно, зашто Синот Божји, Аннецот Божји, по благоволението на Отецот, излезе од прегратките на Отецот и доброволно посака да се симне од небесата, да се понижи Себеси, да прими човечко тело и да се воплоти, а тоа значи да прими еднакво тело на нашето тело, не заради нешто друго, туку за да нѐ избави нас од гревот и смртта и повторно да нѐ врати во единство со Троичниот Бог, со Отецот, и Синот, и Светиот Дух. Ете, тоа ни се случува на Божествената Литургија.

На малиот вход, кога напред оди свќоносецот, кој го претставува Светиот славен Пророк и Претеча Јован Крстител, за кого Христос рекол дека е најголемиот роден од жена, а потоа се редат свештенослужителите, кои го носат Светото Евангелието, кое директно Го претставува Самиот Христос нашиот Бог и Спасител или поточно кажано Неговото доаѓање во светот и Неговата проповед.

Потоа, браќа и сестри, на Божествената Литургија се случуваат сите оние други настани од нашата Света Православна Црква. Тука, браќа и сестри, е исто така и големиот настан, кој се случува на Големиот Вход, кога свештенослужителите излегуваат и ги носат Светите Дарови, кои се подготвени за поставување на Светиот Престол, а кој го претставува Хростовото одење на суд пред Пилата, т.е. Неговото неправедно осудување и давањето на Крстот да го носи на Голгота, каде што Христос треба да биде распнат. Па така, носењето на Светите Дарови, на Агнецот, Кој е Христос нашиот Бог и Спасител, значи носење кон Голгота, кон Жртвеникот, каде што Христос се распнува на секоја Божествена Литургија, тука на овој Свет Престол, заради нас и заради нашето спасение. Тука се случува и пролевањето на Неговата Света Крв, со која нѐ искупил и откупил нас од гревот и смртта. Ете, Спасителот Христос со Неговото страдање на Крстот, го избавил човечкиот род од гревот и смртта. Тука се случуваат исто така и другите настани т.е. за време на Канонот на Евхаристијата, она што Христос го направл на Велики Четврток, кога ја востановил Светата Тајна Евхаристија, тогаш, кога ние се молиме, тука се случува најголемото чудо. Имено, тогаш Светиот Дух директно делува во Црквата Божја и го претвора благолсловениот Леб во чесното Тело на Христа нашито Бог и Спасител, а благословеното Вино, во чесната Крв на Христа нашиот Бог и Спасител.

Ете, после тоа, браќа и сестри, се случува и сето она што понатаму во Црквата Христова се случило, а потоа следува Воскресението и Вознесението на Господа наш Исуса Христа, зашто Христос со Воскресението ја уништил смртта, а со Вознесението на Неговото Свето и Пречисто Тело и седнувањето оддесно на Бога Отецот, ја прославил нашата природа и ни проготвил место во Царството Небесно, како што им беше рекол на Своите Свети Ученици и Апостоли дека нема да ги остави сираци, туку ќе им Го испрати Светиот Дух, Утешителот, Духот на вистината, Кој од Отецот исходи.

Ете, браќа и сестри, кога ние на Божествената Литургија, го примаме Телото и Крвта на Христа нашиот Спсител, го чувстуваме предвкусот на Царството Небесно т.е. животот во идниот век, како што читаме во Символот на нашата Света Православна Црква.

Па така, како што слушнавте на Божествената Литургиаја, односно почнивајќи од создавањето на светот, од старозаветната Црква, од раѓањето во Тело на Христа нашиот Бог и Спасител, Кој заради нас и заради нашето спасение, дојде меѓу луѓето за да им ја открие на луѓето вистината за постоењето на Света Троица, т.е. вистината за Отецот, и Синот, и Светиот Дух. Практилно на тој начин, нашата Света Црква со слегувањето на Светито Дух, станува Света и непорочна.

Духовден, браќа и сестри, е раѓањето на Светата Православна Црква. Како во Стариот, така и во Новиот Завет, луѓето се собирале на молитва на едно место, и затоа Спасителот Господ Исус Хростос рекол: „Таму каде што се собрани двајца или тројца во Мое име, таму меѓу нив Сум и Јас“ (сп. Мат. 18, 20).

На Божествената Литургија ние се собираме не двајца или тројца, туку онолку, колку што Го љубиме Бога и доаѓаме до Неговиот Свет храм да се молиме. И ете, токму на Божествената Литургија, е присутен Бог. Молитвите, браќа и сестри, се богоугодни, но секоја молитва која ја правиме дома или на секое место, се именува приватна млитва, т.е. молитва во која ние приватно се молиме и таа е угодна на Бога, но нема поугодна молитва од молитвата на заедноцата, а молитвата на заедницата, е молитвата на Божествената Литургија, браќа и сестри, затоа што Господ рекол: „Таму каде што се собрани, (како што кажавме) двајца или тројца во Мое име, таму Сум и Јас“ (сп. Мат. 18, 20).

Понатаму Господ вели дека ако ние на таа заедничка молитва побараме од Бога било што за наше спасение, ќе ни биде дадено, зашто молитвата на заедницата е најсилна на Божествената Литургија, кога Христос нашиот Бог и Спасител, се распнува за нас и ја пролева Својата Света Крв, а потоа Вскреснува од мртвите и се Вознесува на небесата и ни Го испраќа Светиот Дух врз сите нас, почнувајќи од Светите Апостоли на Педесетница.

Браќа и сестри, затоа и ние по Божја волја и просветлени од љубовта, ако можеме така да речеме, сакавме нешто да угодиме на Бога, па скромно според нашите можности, еве Му Го принесеме на Бога овој мал храм.

Овој храм, браќа и сестри, не е желба на гордост, туку е желба на нашата смиреност, т.е. нешто и ние да дадеме на Бога, од она што нам ни Го дал, како што пееме на Божествената Литургија: „Твоя от Твоих, Тебе приносящe“ (Од Твоите Дарови Тебе Ти принесуваме). Ова, браќа и сестри, е дар од дарот Господов што ни го дал, и ние скромно, го даваме на нашиот народ и на Бога, браќа и сестри.

Оваа Света Црква е посветена на Света Лидија, која е првата христијанка во Македонија, на Балканот и во Европа. Света Лидија, е сетителка која што е од нашиот Македонски род. Светителка, која постанала светителка по Божјото благоволение, откако Светиот апостол Павле, кога бил во Троада, во денешна Турцја или Мала Азија, имал видение т.е. видел човек македонец, кој му пристстапим и му рекол: „Дојди кај нас во Македонија и помогни ни“ (сп. Дела 16, 9), зашто тогаш македонците не биле христијани.

Помошта ја барал македонецот, за да дојде Свети апостл Павле, да го просветли Македонскиот народ и да го напрви христијански народ. Некои од толкувачите на Светото Писмо велат дека тој Македонец, бил Ангелот на Мекедонскиот народ, кој посакал Македонија да биде христијанизирана земја, а народот христијанси.

Светиот апостол Павле, кој секогаш ги планирал Своите патувања, овој пат бил така да речеме затечен и почувстувал дека тоа не е негова желба, туку Божја промисла, па веданаш поверувал дека Господ го повикува да дојде во Македонија. Кога дошол во Македонија крај реката Зигакт во градот Филипи, кој го изградил Флип, таткото на Акександар Македонски, ете, кај реката каде што жените переле во саботен ден, како што е денес саботен ден, апостол Павле почнал да им проповеда, и една од тие жени, веднаш кога ги слушнала Божјите зборови т.е Евангелието, длабоко поверувала во тоа и Господ ја просветлил и таа веднаш рекла: „Ако ме сметате за верна, не смеете да го одминете мојот дом“. Па така ги поканила во својот дом да бидат нејзини гости, а нејзината куќата станала првата Црква, браќа и сестри, на Балканот, Европа и пошироко.

Ете, Светиот апостол Павле, кој никогаш не сакал да им досадува на верните, овој пат бил принуден да стане гостин на Света Лидија. Откако ја крстил неа и целото нејзино семејство, по тој настан практично почнува да се шири христјанството во Европа и пошироко.

Нејзната куќа, браќа и сестри, станала храм Божји, т.е. домашна Црква.

Светиот апостол Павле, браќа и сестри, вели дека домашната Црква е семејството, па така ова говори за нас дека и ние треба да имаме семејство, а правилно и вистинско семејство, е семејаство кое склучува брак меѓу маж и жена, а не поинаку како глупостите што денеска владеат во светот, поттикнати од сатаната и неговите слуги, било тоа да се неговите ангели (демоните) или луѓе, кои ним им служат. Ете, токму за такво семејство понатаму се стреми целата Црква Христва, како што било семејството на Света Лидија, браќа и сестри.

Во тој дух и ние треба, односно сите наши семејства треба да земаат пример од семејството на Света Лидија. Секое православно христјанско семејство треба да биде онакво семејство, какво што било семејството на Света Лидија.

Понатаму, браќа и сестри, како што Светиот апостол Павле вели: „Зар не знаете дека вие, односно вашите тела не создадени за страм, туку се создадени да бидат за слава на Бога, односно храмови на Светиот Дух“. Секој човек треба да се труди да го очисти своето срце и да го просветли својот ум, и самиот тој да стане храм на Светиот Дух, според зборовите на Свети апостол Павле, кој вели дека глава на Црквата е Христос, а Телото Негово се верниците т.е православните христијани со свештениците и монасите, собрани околу својот епископ, кој го претставува Христа нашиот Бог и Спасител. Па така во тој дух, браќа и сестри, и ние се потрудивме да Му угодиме на Бога, колку што е можно тоа.

Овој храм, браќа и сестри, се трудевме колку што можевме, преку грижата на нашиот црковен одбор, кој што води грижа за правилното сликање на Црквите во нашата Епархија, односно како треба да се сликаат Црквите. Оваа црква е насликана од зографот или живописецот Дејан Кратевски, и ете со грижата на тоа тело, предводено од нас скромните: протоерејот-ставрофор Никола Грамбозов и Александар Гулевски, како што гледате се насликани сите ови прекрасни ликови што се направени тука.

Во овој ред, кој започнува од тука, браќа и сестри, т.е од Светиот Престол, е изобразена Мајката Божја, каде што е Христос во нејзината Света утроба или како што се именува „Богородица во знакот“. Понатаму се изобразени светители во медаљони, а долу се изобразени литургистите. Тука се и Светите апостоли Петар и Павле, а по нив следуваат и други светители.

Во вториот ред се насликани светители во медаљони, претежно од македонскиот род, а во третиот ред погоре, е насликан акатистот на Света Лидија т.е. нејзиниот живот и сѐ она што е поврзано со животот на Света Лидија и на Свети апостол Павле, во врска со христијанизирањето на Македонија. Понатаму според каноните се насликани и други фрески во овој свет храм, почнувајчи од горе, од Христа нашиот Бог и Спасител, и со ред да не ги споменуваме сите. Ќе видите и ќе се уверите дека ова е наша желба, т.е. нашата Православна Црква да биде представена во едно мало црквиче, комплет онака како што доликува.

Ви благодариме, браќа и сестри, што вака бројно дојдовте денеска на овој голем и спасоносен чин, Големото осветување на оваа Света Црква.

Денес почувствувавме дека станува забор не за виртуелна, туку за жива Црква, зашто сите вие заедно со певците, кои ја предводеа Божествената Литургијата во одговарањето, пеевте во еден глс.

Па така, во тој дух посакуваме од ден на ден да се зголемува бројот на верните во овој храм, кој еве и сега, а верувам и понатаму ќе биде претесен.

Да се потрудиме, браќа и сестри, за скоро да го изградиме и големиот храм, кој треба да биде најголем храм биде во нашата Света Црква.

По молитвите на Мајакта Божја, Пресвета Богородица, на Света Лидија, на која и е посветен овој Свет храм и на Сите Македонски Светители, на кој е посветен големиот храм, Господи Исус Христе Боже наш, помилувај нѐ и спаси нѐ нас грешните. Амин!

Честите нека е празникот и за многу години!