За искушенијата за време на празниците

– Старче, зошто на празниците обично се случува некакво искушение?

– А ти не знаеш? На празниците Христос, Мајката Божја, Светителите се радуваат и [духовно] ги угостуваат другите. Тие им даваат благослов на луѓето, им даруваат духовни подароци. Зашто и родителите прават гозби на имендените на своите деца, и кралевите организираат амнестии кога се раѓа принц. Зошто Светителите да не можат на својот празник да ги почестат луѓето?

starec paisij

И треба да се каже, дека радоста, која ја даваат Светителите, трае долго време, и душите на луѓето добиваат од неа огромна полза. Затоа ѓаволот, знаејќи го тоа, прави искушенија, за луѓето да се лишат од добиените божествени дарови, и празникот да не им донесе ни радост, ни полза. И гледаш, често во семејствата, кога сите се подготвуваат за Света Причест, ѓаволот ги поттикнува да се караат, и не само што не се причестуваат, но дури и во црква нема да дојдат. Тангалашката[1] прави сè, за да ги лиши луѓето од божествената помош.

Истото може да се забележе и во нашиот монашки живот. Често тангалашката, знаејќи од опит, дека на празникот ќе добиеме голема духовна полза, ни создава во тој ден, често во предвечерието, некакво искушение. Зашто, тој тоа и è, искушувач – што друго може да прави? И на тој начин, ни го расипува внатрешното расположение. На пример, може да нè поттикне на кавга или расправија со некој брат, а потоа ни нанесува тага и нè крши душевно и телесно. Правејќи го сето тоа, не ни дава да добиеме полза од празникот, во радост да го славословиме Бога. Сепак, ако Благиот Бог гледа дека сами не сме му давале на ѓаволот повод за искушение, дека тоа се случило од негова завист, Самиот Он ќе ни помогне.

А уште поголема полза Он ни помага да добиеме, во случај кога смирено ја земаме врз себе вината за искушението што се случило и не го осудуваме, не само нашиот брат, но и ѓаволот кој го мрази доброто. Нему тоа му е работа: да прави соблазни и да шири злоба. Додека пак човекот, како образ Божји, треба да го распространува мирот и добрината.

 

Слова. 4 том, „За семејниот живот“

 

Старец Пајсиј Святогорец

Извор: http://www.pravoslavie.ru/109707.html

[1] Детска играчка – така старец Пајсиј имал обичај да го нарече ѓаволот.