Воскресна Вечерна во храмот Свети Никола – Раштани

На 23.06.2018 г., во предвечерието на Четвртата недела по Педесетница и на празникот на Светите апостоли Вртоломеј и Варнава, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Воскресна Вечерна Богослужба во храмот Свети Никола, во село Раштани.

Со мержата на твоите зборови, богоглаголив апостоле, луѓето од целата вселена си ги извел од бездната на тешкото безбожие и лага, и со вера си ги привел кон Христа Бога, Кој ти даде таква благодат на божествен ученик и проповедник на тајни, апостолу Вртоломее.

Сефален Варнаво, на Светиот Дух светол саду кој, син на утехата, пред Павла, си бил врв на седумдесетте ученици, и пак со Павла си го проповедал Евангелието на сите народи; затоа, откако и со дела го исполниблагодатното слово, себе се принесе како чиста жртва на Твојот Учител Христа. Се молиме, славен апостолу, моли го постојано, во мир да ги спаси душите наши.