Што е полошо: да претрпиме неуспех или воопшто да не се обидеме?

За да одговориме на ова прашање, потребно е да дознаеме, во што се разликува христијанинот од човекот, кој не го примил Христа во својот живот. За православниот верник, сиот живот – е борба: со самиот себеси, со своите гревови, страсти и навики. А многумина кои се далеку од Христа, просто пливаат по текот на животот, говорејќи дека со сè се задоволни. За да одговориме на поставеното прашање во духот на христијанството, јас предлагам внимателно да го прочитаме следниов текст од Светото Писмо.

Во Евангелието според Мајтеј, се вели: „Сакајте и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори; зашто секој што сака, добива, и кој бара, наоѓа, и на оној што чука, ќе му се отвори.“ (Мат. 7, 7-8). Господ повикува: работете – и ќе добиете. Он не говори: „Седете, ништо не правете – и вам сè ќе ви се даде“. „Чукајте“ – значи, вратата е затворена, и за да ја отвориме, потребно е да вложиме труд. Главниот труд на секој христијанин – е работата на себеси. Всушност, ние можеме да го споредиме својот живот со добар спортист, кој, за да ги постигни посакуваните резултати, се подготвува со постојан тренинг. Се разбира, тој нема да го добие посакуваниот резултат наеднаш, на почетокот ќе има неуспеси, но за да постигне резултат, потребно е да работи над себеси, да оди напред.

Во овој контекст, би сакал да си спомнеме за Евангелската парабола за талантите. Еден господин, тргнувајќи на пат „ги повика слугите свои и им го предаде својот имот;  и на едниот му даде пет таланти, на другиот два, на третиот еден; секому според силата негова; и веднаш замина. Оној, што зеде пет таланти, отиде, ги употреби во работа и спечали други пет таланти; исто така и оној што зеде два таланта, спечали други два; а оној, што доби еден талант, отиде и го закопа в земја и така го сокри среброто на својот господар. “ (Мат. 25, 14-18).

По враќањето на господатор, секој слуга дал одчет, за тоа како постапил со дадените таланти. „Пристигна и оној што беше зел еден талант, и рече: »Господаре, те знаев дека си жесток човек: жнееш, каде што не си сеел, и собираш, каде што не си веел;  па се уплашив и отидов, та го сокрив твојот талант в земја; ете ти го твоето. А господарот му одговори и рече: Лукав и мрзлив слуго! Ти знаеш дека жнеам, каде што не сум сеел, и собирам, каде што не сум веел; затоа требаше моето сребро да го дадеш на трговците, па јас, кога дојдам, ќе си го приберам своето, со добивка; земете го од него талантот и дајте му го на оној, што има десет таланти; зашто секому, што има, ќе му се даде и преумножи, а од оној, што нема, ќе му се одземе и она што го има; а лошиот слуга фрлете го во крајна темнина: Таму ќе биде плач и крцкање со заби. «Откако го рече тоа, извика: »Кој има уши да слуша, нека чуе!“ (Мат. 25, 24-30).

Они слуги, кои ги умножиле дадените талантите, ризикувале. Тие можеле да претрпат, неуспех, да не направат профит, а и засекогаш да ги изгубат дадените таланти, но тие сепак се одлучиле за ризик, заради својот господар. Третиот слуга не сакал дури ни да се потруди да го зголеми својот талант. Тој се исплашил, не се трудел, и како резултат на тоа, не добил ништо.

Патот на христијанинот е тежок, и тој е невозможен без падови и неуспеси. Човекот може или да напредува, или да стагнира. Првиот пат не значи, дека човекот оди по него без грешки. Напротив: тие задолжително ќе бидат. Вториот пат е соблазнителен, бидејќи отсуствува ризикот. Да, оној, кој не оди напред, ништо не ризикува, но исто така, ништо нема и да постигне. Човекот, кој се плаши да претрпи неуспех, стагнира. Целта се постигнува само со труд. Тоа е исто како да направиме споредба со два алпинисти, кои стојат во подножјето на гората. Едниот се искачува, паѓа, се повредува, но сепак се искачува. Порано или подоцна, ќе ја постигни целта. Вториот, гледајќи нагоре кон целта, говори: „Многу е високо. Не ќе можам да се искачам“. Тој седи во подножјето на гората, и гледа во целта, која никогаш нема да ја совлада.

Јас не мислам, дека пасивноста во принцип може да биде полезна. Да се соочиме со гревот и искушението е сложно, но да не се обидеме да го направиме тоа – е погубно. Животот на христијанинот – е борба, секој миг, сè до гробот. Искушенијата ќе ги има секогаш, и со нив ќе треба да се бориме.

Верниците не треба да се плашат од неуспеси. Ние постојано ќе паѓаме, главно – е да стануваме. Свети апостол Петар, трипати се одрекол од Христа. Тој можел да расудува дека е недостоен пред Бога, бидејќи го предал Него, можел да се откаже од обидот да се врати кон Него. Но што се случило? – овој ученик, кој се одрече од својот Учител, поради страв за својот живот, стана, се покаја, и повторно стана Христов апостол. Ова е пример за секој христијанин, како треба да живее.

Ние, или напредуваме духовно, преку болки и страдања, или стагнираме. Ако се обидуваме да стоиме во место, ние ќе се лизнеме во бездната на гревот и страстите, и ништо друго нема да не вознемирува. Напредокот е поврзан со болки, падови, и тоа е нормално и природно. Тој не може сам од себе да се создаде, за него е потребно да се потрудиме. Не случајно говорат: „Под легнат камен, вода не течи“. Затоа во однос на прашањето „да се обидеме и да претрпиме неуспех или воопшто да не се обидеме“, јас би го избрал првото.

Протоереj Николаj Марковски

Извор: http://gorlovka-eparhia.com