Се изморивте од постојана борба? Неколку духовни совети, како да издржиме при хронична измореност и апатија.

Што да правам, кога сум изморен, совети од митрополитот Антониј (Паканич).

Постот, како и целиот живот на православниот христијанин, – е пред сè борба со самиот себеси.

Господ сè премудро устроил. Нашиот живот на некој начин е сличен на Големиот пост. Како што периодот во постот е испреплетен со неделни денови и радосни празници, кои го ублажуваат постот, и ни даваат можност да одмориме, и да собереме сили за преостанатиот посен период, така и во нашиот живот, тешките и сложни периоди ги заменуваат светлите денови исполнети со леснотија и негрижа.

Сложните ситуации и тешкотии се неопходни, бидејќи без нив ние не би можеле да се смириме и да го направиме следниот чекор, и не би можеле на достоинствен начин да го оцениме благодатниот период за одмор, и не би почувствувале колку е тој сладок, и колку го заслужуваме.

Ние, како мудри патници, должни сме да ги распоредиме сите свои сили по сиот животен пат, поткрепувајќи сè и правејќи мали почивки.

Мирен дух

Измореноста и очајанието се лечат преку смиреноста на духот.

Мирен дух Бог му дарува на оној кој ќе осознае, дека сите ние сме во Божјите раце, без разлика на искушенијата што Господ ни ги испраќа, или несреќите кои не снаоѓаат.

Архимандритот Јован (Крестјанкин) со овие зборови го поучувал своето духовно чедо: „Ова што ќе ти го кажам за Бога не го заборавајте, со Него и тешкотиите и осаменоста да ги издржиш не е тешко, а и немоќта со силата Божја можеш да си ја зајакнеш“.

Најлесно и најтешко од сè  – е да оставиме сè на Бога, да се надеваме на Неговата милост и поддршка, на Неговата грижа и утеха.

Но човекот е маловерен. Он бара помош насекаде и од било кого, само не од Бога, а се сеќава на Него во последните и најкритични моменти, кога е сè испробано.

Човекот се уморува кога работи неуморно, кога заработува за својот живот, кога се бори со гревовите, кога се бори за себе и за своите блиски.

Потребно е да не забораваме, дека напорниот труд ни е заповедан од Самиот Господ, откако рајските врати биле затворени за човекот.

„Со пот од лицето свое ќе јадеш леб“, – му рекол Бог на Адама (1. Мој.3, 19).

Овие зборови ни говорат за тоа, дека трудот е составен дел од човечкиот живот. Ние имаме должност да се трудиме.

За многумина работата е формалност, која не дава радост и задоволство, туку исцрпување на човекот за парче леб. Оттука се појавува и роптањето.

„Наместо да се гневиме на Бога, дека Он не ни го дава она што го посакуваме, подобро е да му благодариме Нему за тоа, што ни го дава, а не сме го заслужиле“ –  поучува свети Николај Охридски.

Сепак ние за тоа не размислуваме, се гневиме за својата судбина, за тешкиот живот. А дали сме уверени, дека заслужуваме подобро? Ако Господ ни дава сè според заслугите, нетреба ли да биде нашиот вистински живот празник, во споредба со она што сме го заслужиле.

Тоа треба постојано да го имаме во предвид.

Нам ни е заповедано за живееме трудејќи се, и затоа со послушност треба да го исполнуваме она што ни е заповедано.

Освен тоа, секоја работа или активност можат да се претвори во радост, ако приоѓаме кон нив со љубов, благодарност и разбирање за тоа, дека ние според нашите гревови заслужуваме многу полошо.

Слободата на љубовта

Секој од нас има заповед од Бога да се труди. Но во исто време Божјата заповед не е некој детерминизам.

Во нејзе има само едно – повик, кон човечката слобода.

На Бога не му е потребен свет на робови, кои механички и бездушно, ќе ја исполнуваат Неговата волја. Севишниот посакува, Неговото создание да ја извршува неговата волја од љубов кон Него. Бог гледа во нас Свои собеседници, и со таа цел ние сме и создадени.

Во Светото Писмо се говори: „ А бидејќи вие сте синови, Бог Го испрати Духот на Својот Син во срцата ваши, Кој вика: Ава, Оче! Затоа не си веќе роб, туку син; ако си, пак, син, тогаш си и наследник Божји преку Исуса Христа“ (Гал. 4, 6-7).

Господ го создал овој свет според својата голема љубов, и затоа Господ од своето создание бара љубов.

И токму поради љубовта кон нас, Бог не се дрзнува да ја наруши нашата слобода.

За тоа говори и светиот свештеномаченик Иринеј Лионски, дека Творецот секогаш го почитува законот на човечката слобода, востановена од Самиот Него.

Еден религиозен философ од минатиот век говори за тоа уште појасно: Бог е заробен во човечката слобода.

Ако живите суштества се обдарени со слобода, тоа значи дека тие можат целосно да изберат за себеси живот без учество на Бога.

Токму затоа постојат и злото, и смртта, и адот.

Слободата – е нејдрагоценото нешто што го имаме. И затоа светите отци постојано не предупредуваат за тоа, дека во случај на неправилно устројство на нашиот живот, ние можеме да се доведеме до состојба, во која нашата слобода ќе биде како парализирана.

Да се помолиме прекрасниот и чудесен пат на Великиот пост, да не зацврсти во верата и во исправните заклучоци, да ни го исполни животот со вистинска смисла, и да не приближи кон долгоочекуваната и спасителна заедница со Творецот. Бог постојано не чека!

Митрополит Антониј (Паканич)

Извор: http://pravlife.org