Постои ли поимот „судбина“ од кој не можеш да избегаш?

Зборот „судбина“ е кованица од зборовите „суд Божји“. Така, она што ние го подразбираме под судбина како некој вид пропишан план во нашиот живот, всушност е реализација на Божјата волја во однос кон секој човек.

Во исто време, православното богословие никогаш не ја подржува идејата за судбината, односно тоа, дека сè за нас предодредено. Се разбира дека Бог знае сè: што било, што е и што ќе биде. Не постои временски интервал кој е сокриен од Творецот. Но во исто време, Божјото сезнаење не предодредува.

Преподобен Јован Дамаскин пишува: „Треба да знаеме, дека Бог сè однапред знае, но ништо не предодредува.“

Светите Отци говорат: Бог не ги предодредува нашите постапки, туку ги предвидува. Што значи тоа? Како прво, ако животот на секого од нас е предодреден, тогаш ќе нема место за нашата сопствена слобода. Ако постои предодреденост, тогаш од нас во овој живот ништо нема да зависи. Ако ние сме предодреден на смрт, тогаш сигурно ќе загинеме, независно од тоа дали ќе правиме добро или не. Со други зборови, ако нашата „судбина“ е да отидеме во адот, ние ништо не ќе можеме да направиме, за да го измениме тоа. Значи, можно е, всушност, ништо да не правиме, без оглед на тоа, дали ќе ги исполнуваме Божјите заповеди или не, дали ќе го љубиме Бога и ближните или не – никако не ќе можеме да повлијаеме на нашата „судбина“.

Православната Црква секогаш го отфрла ваквото мислење. Во меѓусебните односи меѓу Бога и човекот, постои еден многу главен принцип – принципот на слободата. Светиот свештеномаченик Иринеј Лионски говори, дека слободата – е најголемиот дар, даден на човекот од Бога, и затоа Он никогаш не ја нарушува човечката слобода.

Затоа, нашата „судбина“ зависи само од тоа, како ние ја користиме својата слобода: ја насочуваме ли нејзе кон Бога и ближните или кон гревот. И само на таков начин се решава нашата „судбина“: не според волјата на случајностите, не според брановите на „слепата судбина“, туку во зависност од тоа, како ние го користиме најголемиот Божји дар даден на човекот при создавањето – слободата.

Извор: https://pravlife.org