Молитва на Црквата за починатите

Ако ние не веруваме во бесмртноста на душата, во тоа, дека човекот живее вечно, животот станува бесмислен. Каква полза ќе имаме ако мртвите не воскреснат? „Да јадеме и да пиеме, бидејќи утре ќе умреме!” (1. Кор. 15, 32) – така Свети апостол Павле ги изразува мислите на оние кои не веруваат во идниот живот. Уште во Стариот Завет Бог дал откровение за бесмртноста на душата. Смртта е само одделување на душата од телото. „Зашто човекот заменува во вечниот дом свој, и тажачките се готови да го опкружуваат по улица; додека не се скине конецот сребрен, и не се скрши златната чаша, и не се растури ведрото при изворот, и не падне тркалото на бунарот. И ќе се врати правот во земјата, како што си бил; а духот ќе се врати кај Бога, Кој го дал (Проп. 12, 5-7).

Ние, новозаветните луѓе, точно знаеме дека Господ нѐ создал нас за да имаме вечен живот. Нашата вистинска Татковина не е на земјата, туку на небото. Сѐ, што ние правиме во земниот живот, добро или лошо, ќе го понесеме со нас во вечноста. Ќе се научиме ли да го љубиме Бога или не – сѐ зависи од нас. Ако ние тука живееме со Господа, тогаш и таму ќе бидеме со Него. Ако ние живееме само според интересите на материјалниот свет, тогаш Господ не може да не прими кај Себеси. Ние сами го правиме својот избор.

Смртта не е востановена од Бога. Творецот го создал човекот за нераспадливост, но преку гревот влегла смртта во светот. После паѓањето во грев на нашите прародители, смртта стнала општа за сите луѓе. Таа е последниот настан од земниот живот на човекот. За праведниците завршува времениот подвиг, а за грешниците завршува можноста да грешат.Словото Божјо смртта на грешниците ја нарекува „зла смрт“ (Псал. 33, 22), дури и ако таа надворешно  би изгледала обична и спокојна. Зла, бидејќи пред нејзините врати започниваат бескрајни мачења.

Сите ние имаме свои починати роднини, ближни, пријатели или познаници. Нивниот задгробен живот е сокриен од нас, но ние ги љубиме и сакаме за нив да го направиме најдоброто. Тие ја очекуваат нашата помош и подршка. Починатите не ги интересира ништо земно. Ним им е потребно само едно: нашата топла молитва за прошна на гревовите на нивните души. Упокоените не можат сами да се помолат за себеси. Свети Теофан Затворник говори, дека упокоените имаат потреба од молитва, „како сиромавиот за корка леб и чаша вода“. Потребата за молитва ја чувствуваат особено грешниците.

Црквата се моли за сите оние грешници кои починале со вера во Христа, но не успеале да се покајат и да го наследат Божјото Царство.

Облици на молитвa на Црквата за починатите се: нивно спомнување на литургиии; вадење на честици на проскомидија; опело и парастоси, а исто така нивно спомнување на задушници.

Уште во Стариот Завет имало обичај за молитва за починатите. Јуда Макавејски испратил пари, собрани за продажба на идолските драгоцености кои ги нашол каи загинатите војници, во Ерусалим, за да се принесат жртви за нивните гревови: „Тогаш собра околу две илјади сребрени драхми, според бројот на убиените свои вијници, ги испрати во Ерусалим, за да принесе жртва за грев; со тоа направи убаво и благородно дело, зашто мислеше за воскресението на мртвите. Оти, ако не веруваше дека убиените војници ќе воскреснат, ќе беше неразумна и залудна молитвата за умрените. Но тој мислеше дека на оние што умреле во побожност им е приготвена голема награда. Каква света и побожна мисла! Затоа за покојниците принесе жртва за милост – да бидат ослободени од својот грев“ (2. Мак. 43-46). Во Книгата Мудрост Сирахова, постојат следниве стихови: „Биди милостив спрема секое живо сооздание; но и умрените не лишувај ги од милост“ (Сир. 7, 36).

Светите Отци и учители на Црквата, истот така, ја потврдуваат потребата од молитва за починатите. Свети Атанасиј Велики вели: „Апостолите, вдахновени од Бога, востановиле литургии, молитви, песни и годишни помени за починатите, обичај кој и денес се одржува“.

Светото Писмо заповеда де се молиме еден за друг и за сите луѓе (Јак. 5, 16), без оглед на местото, состојбата и времето на живеење, а тоа значи не само за живите, туку и за починатите. Затоа што: „живееме ли, умираме ли – Господови сме“ (Рим. 14, 8). Треба да се знае и тоа дека: „Бог не е Бог на мртвите, туку на живите, оти во Него се сите живи“ (Лука 20, 38).

Треба да се молиме за сите на кои им е потребна молитва, без разлика дали се живи или починати.