Мироточеa моштите на Свети Кипријан на неговиот празник

Слепченскиот Манастир „Свети Јован Претеча“ во Демирхисарско Слепче,  eдна година по официјалното прогласување на Светиот свештеномаченик Кипријан за Светител, со Свечена Литургија, Литија, рецитал посветен на Светителот, и пригодна музичка програма, го одбележа денот на Светиот свештеномаченик Кипријан, кој маченички пострада за православната вера, на 30-ти април, во 1780-та година. 
        Верници од целата наша држава  допатуваа во Слепче за да се поклонат на неговите свети мошти и да ја целиваат неговата икона молејќи го Светителот за здравје и спасение. Литијата со иконата на Светителот и мироточењето на неговите свети мошти, предизвикаа молитвени воздишки и посебна радост кај сите присутни.
        Сестринството на Манастирот со најголема љубов, ги пречека и испрати многубројните гости меѓу кои и Митрополитот Преспанско-пелагониски господин Петар, Епископот Хераклејски г. Климент, како и градоначалникот на општина Демир Хисар, Марјанче Стојановски.
       На свечената прослава на нашиот молитвеник пред Бога,  градот Демир Хисар, официјално го прогласи Свети Кипријан за свој заштитник, покровител и патрон на градот.
       Моштите на Светителот се изложени за поклонение, секој неделен ден после неделната Света Литургија во Манастирот.