Крсте Петков Мисирков за македонскиот јазик

…Таква милост кон нашијо народен јазик требит да имаме и није, ако сакаме да останиме верни на дуoт на нашите предедовци. Милоста кон народнијо јазик јет наш долг и наше прво. Није сме должни да милуаме нашијот јазик, зашчо тој јет наш, исто така, као шчо ни јет наша таткоината ни. Првите гласои, шчо й имаме чуено, сет гласоите на нашите татковци и мајки, гласоите и збороите на нивнијот народен јазик. Преко ниф није добифме нашата прва дуовна храна, зашто со нив се осмисл’уаше се, шчо видефме со нашите очи. Со народнијот јазик није освојуаме психологијата на нашите татковци и предедовци и се чиниме нивни дуовни последници, као шчо сме со снагата нивни телесни продолжаачи. Ако се односуаме со презрејн’е кон народнијот наш јазик, ние само врак’аме со неблаroдарност на нашите родители за сето нивно дуовно гледајн’е и воспитајн’е. – Није имаме и прао, осем долгот, да браниме нашиот јазик и тоа прао ни јет свешчено. Секој кој шчо напаг`ат на нашиот јазик, ни јет исто таков наш непријател` као и нападачот на нашата вера. Верата и јазикот, тоа сет душата на једен народ, со изменуајн’ето на који, једен нapoд праи коренен душевен преврат: он се откажуат од се прег’ашно и земат се’ ноо.Тој коренен преврат, ако стаат постепено во течејн’е на цeлu векои не јет опасен, зашчо једни делои од него се односуваат до једни поколејн’а, друзи до друзи поколејн’а, така да једни делои преминаваат по наслетство, као народно наследије, и само некоји сет нои. Тој коренен преврат не јет опасен само, ако јет резултат на самостојното развијајн’е на народот. Но, ако једен народ изменуат својот јазик и својата вера во једно касо време и под силно чуздо влијајн’е, сам без сазнаајн’е однесуајки се кон таја измена, та он се откажуат од сам себе и од негоите интереси и предаат и себе и ниф на једен по силен народ, кој шчо ќе постапит со него и ниф, како шчо ке му се заблагорасудит. 3начит, да се откажит једен народ от својот јазик, се велит, да се откажит он и од сам себе и својте интереси; се велит, да престанит да гледат на себе со своји очи, да судит за себе и за друзите со својот ум и разум, а да чекат укажајн’е за се от страна. Једен народ, кој шчо изгубил својот јазик, мјасат на једен чоек, кој што изгубил патот и не знајит от кај идит и кај одит, и кој шчо нe знајит, зашчо одит вамо а не онамо или тамо. Колко во по скоро време једен народ изменуат својот јазик, толко по опасно и отчајано јет негоото положејн’е. Опасноста, која угрожаат на нашијот народ и негоите интереси от страна на пропагандите, који шчо употребуваат сите и дозволени и недозволени стредства, за да исчистат од Македонија нашијот јазик  и со него нашите дуовни интереси, и да насадат на нивно место нивните јазици со нивни интереси, не само не задолжуат нас, но и ни даат пoлнo прао да употребиме сите и дозволени и недозволени средства, за да сочуаме нашијот народен јазик, и со него нашите народни интереси. При тоа није не сакаме туѓо, а си браниме својето. Јазикот јет акустичен резултат од физиолошко работејн’е на органите на чоечката реча, на кој шчо му се приписуат извесно значејн’е. Главните елементи на јазикот или чоечката реча сет: органите на речата, нивното физиолошко работејн’е, слуот, псиолошкото воспријимајн’е па физиолошкото работејн’е на органите преко слуот, и присојединуајн’ето кон воспријиманијот резултат на физиолошкото работејн’е на органите на речата или гласот, или зборот, некоје значејн’е. 3начит, јазикот главно јет физиолошко-психолошка способност на чоека, и као таква зависит од се тоа, шчо праит да се менит чоек, т. е. со развијајн’ето на једен чоек и једен народ се развијат и негоијот јазик, со нивиото опаг’ајн’е опаг’ат и нивнијот јазик. Чоек се менит во време и пространство: исто така се менит и негоијот јазик. Променејн’ата во јазикот нa једен народ во време состауваат историјата на јазикот на тој народ, а пролгенејн’ата негои во пространство составуваат негоите современи вариацији или дијалекти, поддијалекти, гоори, подгоори и пр. Секој народен јазик имат своја историја и своји современи вариацији или дијалекти, поддијалекти и пр. Своја историја и вариацији имат и нашијот јазик. По таја историја можит да се изучит, како сегашните вариацији се добија от по стари и последните од еден обшч македонцки јазик, а тој од једна јужно-словенцка група и пр. Исто така по неја можит да се проследит на која вариација, или на кој диалект, во кое време имало по голема литература. Историјата, како на нашијот, исто така и на друзите јазици, ни покажуат, оти секој диалект, поддијалект, гoop и подгоор. можит да се опотребуат во литературни произведејн’а. Таја привилегија на једен диалект, поддиалект и пр. – да бидит орган на литературна реча – по учејн’ето на историјата на јазиците, се даат ним, не по некакви особени естетични, преимушчества, а по чисто практични причини, т.е. по стечејн’ето на историско-културните прилки. Тије прилики денеска подигаат једно наречије на степен на литературен јазик, утре друго и пр. Историско-културните прилики во создаајн’ето на литературни јазици господствуваа секоаш, господствуваат они и сега. Благодарејне ним во нај ноо време се откажафме да си избериме једно од нашите наречија за наш обшч литературен јазик, а наместо тoа зедовме да се учиме и да пишиме на туг’ите соседни jaзици, нај поеке нa бугарцкијот. Благодарејн’е на приликите сега није си избираме за обшч литературен јазик, централното македонцко, т.е. Велешко- Прилепцко-Битол`цко-Охридцкото наречије. Који сет тије историјцко-културни прилики, шчо не застауваат: прво, да си создааме свој литературен јазик и второ, да избираме имено цецентралното наречије? Ето који. Није видофме колку сет народните интереси тесно вpзaни co јазикот, а последнијот со характерот и дуот народен. Нијe видиме ceгa oти три нацио- нални и религиозни пропаганди во нашата таткоина се борат једна против друга и сите заједно се борат протв нас и нашите интереси, сакајки да им нанесат смртен удар и да си ˙ потчинат под себе, зимајки со таја цел`а религиозното и сколијцко работејн’е кај нас , вo своји раци преко црквата и сколијата за дa нанесат смртен удар на нашата народност, ни налагаат нa нac нивнијот, наместо нашијот јазик. Народните итереси ни налагаат зa да й зашчитиме ниф, да браниме нашијот јазик от пропагандите. Тоa бранејн’е ке бидит успешно и ке размрсит сите 18 планои на пропагандите, ако бидит задружно и обшчо. А за да бидит такво, требит со обшчо согласије да се изберит једно наречије за обшч македонцки литературен јазик. Согласије ке имат, ми се чинит, само ако секој од нас праит избор, не по некакви естетични сообразуајн’а и не по чисто местни причини, а од гледишче на обшчите интереси. Последни-те пак налагаат: периферијцките наречија, да отстапат место на централното. Како шчо во једно држаа се имат држаен центар, кој шчо нај арно јет да се наоѓат во стредината на држаата, и кон кој шчо се собираат сите конци од државнијот жиот, исто така и во јазиковните или области от сродни наречија требит да се имат једен центар, кој шчо по значејн’ето негоо требит да се односуат кон периферијцките наречија и гоори, као шчо се односуат центрот и столицата на држаата кон крајните окрази и околији…