Каков бил рајот?

Светото Писмо ни раскажува за тоа, дека човекот после создавањето бил сместен во рајот: „И насади Господ Бог рај во Едем, на исток; и таму го смести човекот што го создаде“ (1. Мој. 2, 8). Од приведениот текст е видно, дека станува збор за две локации: рај и Едем. Рајот бил насаден во Едем[1]. Според размислувањето на Светите Отци, Едем – е воопшто месност, а рајот – е некој дел од Едем[2]. Рајот бил создаден во третиот ден[3] и како што укажува Светото Писмо, се наоѓал на Исток[4] од Едем.

Сепак невозможно е да се определи географски, каде се наоѓал рајот. Сите обиди да се определи местото на рајот се наивни и бесплодни. „Во целиот свет нема останато скоро ни едно место, каде што љубопитството и лековерноста го немаат побарано рајот“ – говори Свети Филарет Московски[5]. Некои древни егзегети уште од древност се ориентирале на тенденцијата да го претстават рајот како духовна состојба, која нема земни координати, но Светите Отци сепак настојуваат на тоа, дека рајот бил конкретно место на земјата: Блажен Теодорит Кирски на прашањето: „Некои говорат дека рајот била на небото…“ – одговара: „Многу е смело, да го оставиме учењето на Светиот Дух, и да ги следиме своите сопствени заклучоци“[6].

Освен тоа, Светите Отци сметааат дека рајот бил на некое возвишено место, во однос на земјата: „Рајот се наоѓал на високо место“[7], „Тој се наоѓал на исток, возвишен над сета земја“[8].

Рајот бил создаден за човекот и во него он бил сместен како круна над сето создание.

Рајот не бил само место за живеење на човекот, но и место за негово општење со Бога, и врз основа на тоа, ние можеме да говориме дака поимот рај вклучува две димензии: од една страна, тоа е прекрасно земно место, а од друга – тоа предлага посебен однос, односно посебна состојна на човекот. Рајот – е првосоздаден храм. Според тоа, „рајот бил двоен“[9]: физички и духовен.

Творецот им дава на Адам и Ева во рајот заповеди. Некои од нив барале дејствие, труд: „И, земајќи го Господ Бог човекот, кого го создаде, го воведе во градината Едемска, за да ја обработува и да ја пази“ (1. Мој. 2, 15); а други носеле забрана: „А од дрвото за познавење на доброто и на злото; од него не јади; зашто во оној ден кога ќе вкусиш од него, ќе умреш “ (1. Мој. 2, 17).

Во однос на заповедта за грижа на рајот, Светите Отци сметаат дека, трудот не бил исцрпувачки и благодарение на тоа, рајот се зачувал. „“Каде што нема смрт, секој труд е ризница на тоа што го имаш“, – говори Блажен Августин[10].

Архимандрит Силвестер (Стојчев)

Извор: http://pravlife.org

 

[1] «Едем» от еврейского слова eden – «наслаждение».

[2] Симеон Новый Богослов, прп. Творения. Св.-Троицкая Сергиева Лавра, 1993. Т. 3. С. 369.

[3] Прп. Ефрем Сирин: «Бог насадил рай в третий день» // Толкование на Книгу Бытия.

[4] Святитель Василий Великий, говоря о традиции молиться на восток, пишет: «Во время молитв мы все смотрим на восток, но не многие знают, что при сем ищем древнего отечества, рая, который насадил Господь Бог в Едеме на востоке» // Василий Великий, свт. О Святом Духе.

[5] Филарет (Дроздов), свт. Записки, руководствующие к основательному разумению книги Бытия, заключающие в себе и перевод сея книги на русское наречие. Ч. 1. М., 1867. С. 70.

[6] Феодорит, блж. Толкование на Ветхий Завет // Толкование на книгу Бытия // Вопрос 26.

[7] Ефрем Сирин, св. Толкование на книгу Бытия // Творения иже во святых отца нашего Ефрема Сирина. Ч. 6. Св.-Троицкая Сергиева Лавра, 1901. С. 231.

[8] Иоанн Дамаскин, прп. Точное изложение православной веры // Полное собрание творений св. Иоанна Дамаскина. СПб., 1913. С. 203.

[9] Иоанн Дамаскин, прп. Там же.

[10] Августин Иппонский. О Книге Бытия против манихеев. С. 76.