Како да го препознаеме своето безверие: три основни знаци

Теорија и пракса

Зошто апостол Тома го нарекуваат неверник? Кој од апостолите поверувал, а не го видел Христа? Сите на почетокот го виделе, па потоа поверувале…

Како може современиот човек да поверува, а да не го види Христа?

Ние можеме Него да го видиме, благодарение на многубројните напишани дела од Светите Отци. Нивна е заслугата, што учењето за Личноста на Исуса Христа е распространето насекаде, и ја има стекнато таа достапност, која се совпаѓа со Светото Писмо, цековното Предание и нашата перцепција.

Светите Отци не создавале ново учење. Тие според зборовите на преподобниот Викентиј Лерински, само ги нарекувале старите работи со нови имиња.

Тие ни ги имаат дадено нам тие формули за човечкото разбирање, преку кои Божественото Откровение станува достапно. И Христос оживува.

Благодарејќи на неуморниот труд на Светите Отци, и на тоа што могумина од нив својот живот го положиле за чистотата на црковното учење, ние веруваме во Троичниот Бог, веруваме во нашиот Господ Исус Христос, вистинскиот Бог, и вистинскиот Човек, во кого Божествената и човечката природа се соеднинле неслеано, неразделно, непроменливо и неодделно, и веруваме во тоа, дека во Христа дејствува не една волја, туку две: Божјата и човечката.

Догматите на верата – се неопходна теорија. Но, што е со практиката?

Сите Свети Отци живееле вистински христијански живот. Тие не само што укажувале на патот по кој треба да одиме, туку и самите врвеле по него. За жал, многумина од нас, изучувајќи ја теоријата, не настојуваат да ја применат во своите животи, и цел живот остануваат во редовите на многубројните теоретичари.

„Блажени се оние кои слушаат и исполнуваат!“ Важно е не само да го слушаме словото Божјо, туку да го исполнуваме, и да го примениме во својот живот.

Читајќи го Светото Евангелие, ние го слушаме Самиот Христос.

Сè она што во Новиот Завет е напишано, не се однесува само за современиците на Спасителот: тие зборови се обратени кон секого од нас.

Три варијанти

Земниот живот – е подготовка кон вечниот живот, и за да бидеме со Бога на Небесата, потребно е претходно да живееме со Него овде на земјата.

Верата на вистинскиот христијанин треба да биде недвосмислена, разбирлива и силна, во однос на животот и луѓето.

Малкумина се искачуваат до оваа височина, која се состои од неколку чекори. Можно е, некои да се плашат од тоа искачување, а други да се плашат, дека ќе им недостига сила, или пак да не веруваат, дека на таа висина ќе им се отворат други хоризонти.

Постојат неколку знаци на безверие помеѓу верниците, кои релуларно доаѓаат во храмот. Некои верници зборуваат правилно за верата, владеат со различни знаења, надворешно изгледаат убаво и побожно, но одвнатре се  целосно гнили, како потемнет плод, изеден од црви.

Тие луѓе владеат со теоретски познавања за верата, но не му го доверуваат својот живот на Христа. Главните страсти на таквите луѓе се: високоумието, суетата и гордоста.

Таквите луѓе, надворешно сè исполнуваат според правилата, но без жив живот со Бога одвнатре.

При најмали искушенија, нивната „вера“ се руши. Тогаш тие престануваат да доаѓаат во храмот, сметајќи се себеси дека се во право, а дека Црквата е во заблуда.

Исто така, постојат и луѓе кои не се постојани во верата. Душата, која не е подготвена за средбата со Христа, се саморазрушува. Многу често, различните знаења и информации, кои набрзина се собрани од секаде, при првиот бурен ветер исчезнуваат, неможејќи да го издржат притисокот.

Таквите луѓе брзо се разгоруваат, и брзо згаснуваат. Тие се движат површно, не нурнувајќи во длабочините на верата. Тие, по правило, не се познаваат себеси, и не се обидуваат да се запознаат. Често избегнуваат разговор со самите себе, а исто така, и со Бога. Тие со сите свои сили не го пуштаат во својот живот Творецот, задоволувајќи се со своите знаења за Него.

И на крај, самиот најраспространет знак на безбожност – е механичката вера. Човекот со механичка вера, прави сè механички, не размислувајќи ни за верата, ни за молитвата.

Механичката вера не принесува плодови. Таквата вера не е ни жива, ни мртва. Животот на таквите луѓе се пресметува со месеци, години, односно се вртат во еден круг како стрелката од часовникот. Тие го години не се менуваат, останувајќи во своите граници на познавање на верата, или поточно, тие воопшто не сакаат да се запознаат со верата, бидејќи се задоволни со својот механички живот.

Тоа е самиот бесполезен животен пат. Многу е сложно, дури и невозможно да допреме до срцата на таквите луѓе.

Да се обидуваме колку е можно почесто да си напоменуваме себеси, дека ние живееме за вечноста, а сите останати земни грижи, колку и да се важни за нас и за нашето семејство, се преодни, во споредба со она што е за нас подготвено од Бога, а тоа е вечниот живот во заедница со Бога.

Mитрополит Антониj (Паканич)

Извор: http://pravlife.org