Триесетта недела по Педесетница – Света Архиерејска Литургија во храмот Свети Архангел Гаврил, во Довлеџик

На 23.12.2018 г., во Триесеттата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на Светите маченици Мина, Ермоген и Евграф, споменот на Преподобната Ангелина и Свети Јован Деспот; Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Света Божествена Литургија во храмот Свети Архангел Гаврил, во Довлеџик.

На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

„Ако сакаш совршен да бидеш, продај го сиот твој имот и раздели го на сиромаси, и врви по Мене!“ (сп. Мат. 19, 21).

Вака, браќа и сестри, Спасителот наш Господ Исус Христос му одговорил на еден млад човек, кој што бил еден од закониците што го познавал законот Божји, кој пристапил кон Господа Исуса Христа со цел да го искуша. Овој млад човек , му рекол на Господа: „Учителе добар, што треба да направам за да имам живот вечен?“ (сп. Мат. 19, 16 ). А Господ му рекол: не лажи, не кради, не убивај, не сведочи лажно…

(Аудио) «Воскресна аудио проповед на Митрополитот г. Петар»