Така да засветлат вашите добри дела

Деца, Јас ве молам да ги корегирате вашите срца и мисли, за да му бидете угодни на Бог. Сметајте дека и покрај тоа што можеби се сметаме за праведни и често успеваме да ги измамиме луѓето, ние не можеме да скриеме ништо од Бога. Затоа да се стремиме да ја зачуваме светоста на нашите души и да ја чуваме чистотата на нашите тела со сета жар. Вие сте храм Божји, вели Светиот Апостол Павле, ако некој го урива Божјиот Храм, Бог ќе го уништи него.

Свети Николај Мирликиски

Значи, да бидете дел од Светиот Бог, започнете да го правите сето она што се однесува на светоста, бегајќи од лоши зборови, нечисти и срамни односи, пијанство, страсти и фантазии, основни похоти, валкани прељуби и вообразена гордост. Зашто е речено: „Бог им се противи на горделивите, а на смирените им дава благодат”. (1 Пет. 5: 5). Ајде да се обединиме со оние, на кои милоста им е дадена од Бога. Да поставиме единство во умот, да бидеме смирени, умерени, далеку од било какво пцуење или зло говор, станувајќи праведни со дела, а не со зборови… Нека нашата пофалба биде од Бога, а не од нас самите. Бог ги мрази оние што се фалат. Нека сведоштвото за нашите добри дела биде дадено од страна на другите.

 Свети Климент Римски

Превод: Дамјан Божиновски