Посета на училиштето „Коле Канински“

На 11.06.2017 г., на покана на директорката Лидија Павловска, поради претходна донација за обнова на школската дограма, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар го посети подрачното училиште „Коле Канински“ во село Буково.

19114816_1349041455145192_1399294255_n 19141918_1349041555145182_822854956_n

Тука, во една радосна атмосфера, Владиката се запозна со активностите на училиштето и радоста од новозапишаните 11 нови првачиња оваа година.
19113432_1349041685145169_667783180_n 19114499_1349041605145177_1147283441_n
„Дете? Гледај, парче Небо на земјата“ – Ава Јустин Ќелиски
„Мораме да внимаваме на децата, зашто тие нè оправдуваат пред Бога. И како што цвеќето е радост за нашата човечка свест, така и децата се како цвеќе, остаток од изгубениот рај и навестување на идното Царство“.
19142105_1349041585145179_914186321_n 19190922_1349041638478507_1591419591_n
Училиштето се наоѓа веднаш до црквата Св. Димитриј во село Буково.
Известува: Протоѓакон Драган Ѓоргиевски