Осветување на храм на Преподобна Параскева (Петка) – село Путурус

На 30.09.2017 г., кога го празнуваме споменот на светите маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, изврши големо осветување на новоизградениот храм, посветен на преподобната Параскева (Петка) Кападокиска.

На осветувањето присуствуваа голем број верници, ктиторите и помагателите на овој свет манастир, благодарение на чија усрдност и ревност се подигна ова светилиште.

Освети ги Господи оние што ја љубат убавината на Твојот дом. Ти нив прослави ги со Твојата Божествена сила, и не оставај не нас што се надеваме во Тебе. Дарувај го Твојот мир, на Црквите Твои, на свештениците, на народот, и на сите Твои луѓе, зашто Ти си Кој осветуваш, Твојата слава е вечна слава и Тебе слава, благодарност и поклонение Ти вознесуваме, на Отецот и Синот и Светиот Дух,
сега и секогаш, и во вечни векови, Амин!

(Од заамвоната молитва)