И ИЛЈАДА ЦРКВИ ДА ИЗГРАДИШ, АКО НЕ СИ ВНАТРЕ ВО НИВ, НЕМА ДА СЕ СПАСИШ

Бев во автобус и до мене стоеше една госпоѓа. Минавме покрај една црква и јас се прекрстив. Под мое влијание, таа направи нешто како крсен знак, но толку набрзина, што поскоро личеше како да влечи жици на гитара. Па ѝ реков:

  • Така како што се прекрстивте и ѓаволот нема да се исплаши; повеќе личи на исмејување.

Тогаш се засегна и ми рече:

  • Што ми зборуваш? Знаете ли дека многу верувам и помагам на Црквата, колку што можам?

Одговорив дека не ја познавам, и продолжив:

  • Значи, одите во црква, се исповедате, се причестувате и учествувате во сите тајни на Црквата?
  • Ех, не одам многу често во црква, не земам и учество во таинствата, но помагам, како можам на Црквата. Сум дала еден куп пари за иградба на цркви, за да се опремат со сè што треба, да се зографисаат толку многу светци…
  • И илјада цркви да изградиш, ако не си внатре во нив, нема да се спасиш – ѝ реков јас. Црквата е како ковчег, знаете ли, дека во крајна мера треба да се влезе внатре, за да се спаси? Знаете ли што се случило со оние, кои само го граделе ковчекот на Ное? Се удавиле!

Се удавиле, зашто макар и што го граделе, не поверувале  за злото, кое ќе дојде и останале надвор. Затоа, колку цркви и манастири да изгради човек, ако не влезе во ковчегот на Црквата, причестувајќи се со Телото и Крвта на Христос, нема да се спаси.

 

Димитриос Панагопулос

Превод од бугарски: чтец Дамјан Трпкоски

Извор: pravoslaven-sviat.org