Дваесет и четврта недела по Педесетница

На 19.11.2017 г., во Дваесет и четвртата недела по Педесетница, кога го празнувавме споменот на Свети Павле Исповедник, патријарх ЦариградскиПреподобен Варлам Хутински ; Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во храмот Св. Недела, во Битола. 

Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни

После Божествената Литургија, Владиката ја крсти Василијана, ќерка на ѓаконот Крсте и Марија Тасевски.

Господ да им дарува многу рожби, исполнувајќи го нивниот дом со здравје, мир, љубов и непрестајна радост во Светиот Дух.