Сиропусна Недела

На 13.03.2016 г., на последната подготвителна недела пред Великиот пост, кога си спомнуваме за изгонувањето на нашите прародители Адам и Ева од рајот, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во Соборниот храм Свети Димитриј во Битола. 

На Литургијата, во ѓаконски чин Владиката го ракоположи дипломираниот теолог Крсте Тасевски.

„Почеток на мудроста е стравот Господов“ (Изрек. 1, 7). Стравот да не отпаднеме од заедницата со Него. Стравот, да не се затвориме пред Бога во својот грев и да останеме во својот мрак. Стравот, да не останеме затворени за љубовта Божја, која на Крст ни се посведочи.

На новоракоположениот ѓакон му посакуваме крепнење во благодатта, и непрестаен раст во заедницата со Оној, Кој принесува и се принесува, и од Кого секој совршен дар доаѓа.

[nggallery id=110]