Радувај се, зашто името ти е човек! – Епископ Лонгин (Жар)

Стегајќи заби, стискајќи тупаници до болка, радувај се, зашто живееш. Радувај се на ведрината на небото и рубиновите зраци на изгрејсонцето. Радувај се на бисерот од капките дожд, затоа што не може поинаку. Радувај се со очајната радост на изранет воин. Битката нека е изгубена, но знамето не е спуштено, и оружјето не е фрлено во калта, и не бегаш со срам, затоа што нема од што да се бега. И останува само да се стои, со лице пред смртта. А кога ништо не останува, радувај се со голема радост за ближните свои. Радувај се на туѓата љубов и гласната смеа на, не твоите деца. Дури и кога железни облаци натежнале, радувај се. Во дожд и кал радувај се. Радувај се и ликувај, презирајќи ја болката, зашто името ти е човек!

Епископ Лонгин (Жар)