Митрополитот на Дидимотихо, Орестиада и Суфли г. Дамаскин во посета на Преспанско-пелагониската епархија

На 11.05.2016 г., во посета на Светата Митрополија на Преспанско-пелагониската епархија во Битола, пристигна делегација од Грчката Православна Црква, предводена од Митрополитот на Дидимотихо, Орестиада и Суфли, Неговото Високопреосвештенство г. Дамаскин, во придружба на свештеници, свештеномонаси и верен народ од својата Епархија. 

Почесната делегација се упатила на поклоничко патување и разгледување на светите места низ Македонија, и изрази желба да ја посетат Светата Митрополија и да се сретнат со Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, после што остварија срдечна средба и разменија Пасхални поздрави и подароци.

IMG_1530 IMG_1539 IMG_1544

IMG_1561

ПРЕМИНИ КОН ГАЛЕРИЈА