Не влегувајте во мисловна борба со ближните – Старец Тадеј

Тешко е да живееме со ближните, ако стапуваме со нив во мисловна борба. Не е доволно да се воздржуваме од откриена војна со зборови и дела, не влегувајте со нив и во мисловна војна! Во спротивно ќе го изгубите душевниот мир и љубовта. Не треба да им се спротивставувате на ближните, да ги преубедувате – бесполезно е. И на глава да застанете пред нив, нема ништо да добиете. Нив треба, едноставно да ги љубите заради Христа, зашто Господ е во нив, дури и тие да не веруваат во Него, инаку зарем би биле воопшто живи?

 

Архимандрит Тадеј Витовнички