7 februari 2015

Тоа што си слаба и неопитна, не очајувај. И потврдиот од камен, апостол Павле учи: „зашто силата Моја во слабоста се покажува“ (2 Кор. 12, 9). Зарем ти, девојче, ќе се осмелиш да помислиш дека можеш нешто сама да направиш? Бог ни е Помошник! Ако тебе, која живееше во светот не те оставил, и те научил да ги бараш вечните вистини (што мудреците на овој свет не можат ни да го разберат), зарем сега ќе те остави, кога си му го посветила сиот свој живот? Не сомневај се. Бог те љуби многу повеќе, отколку што мислиш. И најдобар знак за тоа: ти тагуваш, кога се работи за нешто земно, а се радуваш кога разговараат за духовното. Од каде се научи на тоа? Бог вложил искра во срцето твое. Гледај, да не ја угаснеш!

Преп. Анатолиј