Водици 2014

Тропар на празникот, глас 1.

Кога се крштеваше во Јордан, Господи, на светот му се откри Света Троица: зашто гласот на Родителот сведочеше за Тебе, именувајќи Те возљубен Син. И Духот, во вид на гулаб, ја потврдуваше вистинитоста на Неговите зборови. Христе Боже, Кој се јави и светот го просветли, слава Ти.

На 19.01.2014 кога Православната црква го празнува Големиот Христов празник – Богојавлениe (Водици), Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиски и Новозеландски Г. Петар, благоволи да отслужи Василиева Литургија во соборниот храм “Св. В-мч Димитриј“ во Битола, а потоа да го фрли Чесниот и Животворен Крст во водата на базенот. Од многуте млади верници кои беа собрани пред базенот и со нетрпение го очекуваа чинот фрлање на Крстот, Кире Кочанков е среќниот верник кој успеа да го фати Чесниот Крст.

[nggalery id=50]