Свети Антиминси

На ден 18. 05. 2014 година, (недела) во соборниот храм “Св. В-мч. Димитриј” во Битола, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, благоволи да отслужи Воскресна Божествена Литургија, на која изврши осветување на Свети Антиминси.

Што е тоа антиминс?
Во црковната терминологија антиминс се нарекува едно четириаголно платно, од свила или лен, кое секогаш стои на Светиот Престол во олтарот, а кое е завиткано во илитонот, а се чува под Светото Евангелие. На овој антиминс се служи Божествената Литургија. На него е претставено погребението Христово, со Јосиф и Никодим, и жените мироносици, и четирите евангелисти на четирите агли. Антиминсот е замена за престол, којшто пак го претставува Гробот Христов. На него се претставува погребението Христово. Антиминсот има делови од мошти на Светители односно маченици врз кои почива Црквата, бидејќи дивен е Бог во своите Свети. На него стои потписот на Епархискиот Архиереј, и Светиот Антиминс е сопственост на Архиерејот што го осветил.
Името антиминс е грчко-латинска кованица, од зборовите анти – наместо, и менса – трпеза, маса, односно, наместопрестолие, или подвижна (црква) за служенје Литургија.

[nggallery id=52]