Рускиот Амбасадор во посета на Преспанско-Пелагониската Митрополија

На 17.10.2014, неговата екселенција, Рускиот Амбасадор, Олег Николаевич Шчербак, заедно со професорите од Славјанскиот Универзитет во Битола го посети Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар.

Спомнувајќи си за нераскинливите духовни врски, меѓу двата православни народи, Рускиот и Македонскиот, Амбасадорот, од име на Неговата Светост, Рускиот Патријарх Кирил, подари за манастирот Трескавец богослужбени книги за целиот црковен богослужбен круг.
Митрополитот Преспанско-Пелагониски, г. Петар му предаде клучеви од соба во Буковскиот манастир, која отсега ќе биде резиденција на Рускиот Амбасадор и рускиот народ.

[nggallery id=63]