Читањето како добродетел

Трудете се да читате книги од Светите Отци, кои се соодветни на вашиот начин на живот, за да би можеле не само да им се восхитувате и да се насладувате со читањето на отцовските творби, туку и за да би можеле да ги применуваме во конкретните работи.
Христијанинот, кој живее во светот, треба да ги чита творбите на великите светители, кои што пишеле за народот, кои учеле на христијански добродетели, што ги следат оние, кои го минуваат животот меѓу материјални работи.

Други текстови се за општежителните монаси: тие треба да ги читаат светите Отци, кои што напишале поуки за тој начин на живот. И трето се текстовите за безмолвниците и отшелниците.
Изучувањето на добродетелите, кои не се соодветни на начинот на живот, предизвикуваат мечтателност, и го доведуваат човекот во лажна состојба. Вежбањето во добродетелите, кои не соодветствуваат на начинот на живот, го прават животот бесплоден. И животот залудно се истоштува, и добродетелите пропаѓаат: душата не може долго да ги задржи, и треба побрзо да ги остави, затоа што тие не и се според силите.
Таквото подвизување во возвишените добродетели, што ги надвишува силите и способностите, често ја повредува душата неизлечливо,ја растројува на долго време, некогаш за цел живот, правејќи ја неспособна за благочестиви подвии. Господ заповедал „новото вино“, т.е., возвишените добродетели и подвизи, „да се влева во нови мевови“, т.е., да им се препуштат на подвижниците кои веќе созреале во благочестив подвиг, обновени и просветлени со благодатта. Тој забранил да се влева ново вино во стари мевови, да се шие стара облека со нова крпа.
Не мислете, дека возвишениот подвиг, за кој што сеуште не созреала вашата душа, ќе ви помогне! Не! Тој уште повеќе ќе ве растрои: ќе треба да го оставите, а во вашата душа ќе се појави униние, безнадежност, помраченост, ожесточеност. Во таква состојба, ќе си допуштите повеќе грешки, повеќе нарушувања на законот Божји, од тие во кои сте паѓале претходно. „Кон старата облека не се става нова крпа, затоа што од тоа дупката ќе стане само поголема“.
И за монасите воопшто, и за христијаните, кои живеат во светот, најполезно четиво – е Новиот Завет, а посебно Евангелието. Но тоа треба да се чита со смирение, не дозволувајќи си сопствени толкувања, а раководејќи се со толкувањето на Црквата.

Старец Варсануфиј Оптински