Архиерејска Божествена Литургија на денот на Св. Спиридон Тримифунтски во Битола

На 25.12.2014 година, кога го празнуваме споменот на св. Спиридон Тримифунтски чудотворец, митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар отслужи божествена Литургија во храмот „Св. Димитриј“ во Битола. На литургијата, владиката се обрати кон занаетчиите, кои овој светител го имаат избрано како свој заштитник и застапник пред Бога.