23 Недела по Педесетница, св. Георгиј Победоносец, во Ресен

На 23-та Недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот од обновувањето на храмот на св. Георгиј Победоносец во Лида, митрополитот Преспаснко-Пелагониски, г. Петар отслужи Божествена Литургија храмот на св. Георгиј во Ресен.

Владиката го толкуваше Воскресното Евангелие за исцелувањето на демоноопседнатиот од Гадаринците, кој бил измачуван од многу демони кои пројавувале голема сила и го терале да ги кине оковите и да оди на пусти места (Мт 8,28-34; Мк 5,1-17; Лк 8,26-39). Кога демоноопседнатиот го сретнал Христос, Му се обратил: „Што имаш со нас Ти, Исусе, Сине Божји! Зар си дошол тука предвреме да нè мачиш?“ Неверојатна е сличноста на зборовите на демоноопседнатиот со изјавите на современите гатачи и бајачи кои се „измачувани од светците“. Бог и светителите никого, никогаш не измачувале, а демоните, кои што не можат да го издржат присуството Божјо, Неговата светлина ја примаат како оган кој ги гори, и затоа бегаат од Него. Демонот нема никаква власт над човекот, доколку тој самиот не му се потчини станувајќи роб на гревот. Демоните не можеле да влезат дури ни во свињите, без Бог да го допушти тоа. А Бог го допуштил тоа, зашто свињите биле забранети животни во јудејската религија, и Гадаринците живееле во грев заради нивната лакомост. Но, наместо да се вразумат, тие се исплашиле и Го избркале Господ. Владиката посебно го нагласи проблемот во нашата денешница, кога вакви жални, демоноопседнати луѓе се почитуваат како херои, и луѓето стануваат робови на разни суеверија и со тоа му даваат простор на ѓаволот да влезе во нивниот живот. Доколку човек живее вистински побожен живот, се подвизува во верата и се причестува со Светите Тајни, ѓаволот никако не би можел да му наштети. Зашто причина на секоја духовна болест е гревот, и тој може да се излекува само преку живот во Христос. Магичниот пристап кон верата, ја понижува човечката природа робовски да се поклонува на некакви си свети води, масла, ритуали, кои се повеќе ќе ги збунуваат и заплеткуваат во мрежите на ѓаволот. Затоа, да прибегнуваме почесто во храмовите, да ги исповедуваме гревовите, трудејќи се да се ослободиме од нив, да се причестуваме со Телото и Крвта Христови, за да Го примиме Духот кој ќе не научи да ги разликуваме духовите, и да израснеме во икона Христова.
За многу години!

YouTube Preview Image

16418_10152406382022283_3886460770255150008_n

vest1

vest3

vest4

vest14

vest8

vest15

vest10

vest2

vest5

vest6

vest11

vest16

vest9

vest13

фоторепортер Александар Марковски