Богослужби

Photo-1-29-18,-2-30-09-PM

Недела на Митарот и Фарисејот – Архиерејска Литургија во Довлеџик

На 28.01.2018 г., во првата подготвителн недела пред Великиот пост, Неделата на Митарот и Фарисејот, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во храмот на Светите Архангели, Довлеџик, Битола. На Литургијата, верниот народ…

IMG_9793

Недела на Закхеј – Архиерејска Литургија во Прилеп

На 21.01.2018 г., во првата недела по Богојавление, Неделата на Закхеј, кога го празнуваме споменот на Свети Григориј, епископ Охридски; Светите маченици Јулијан и Василиса; Преподобен Георгиј Хозевит; Света Домника; Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија…

IMG_9606

Собор на Свети Јован Крстител – Архиерејска Литургија во Ресен

На 20.01.2018 г., кога го празнуваме празникот Собор на свети Јован Предвесник и Крстител; Светиот маченик Атанасиј; Митрополит Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во храмот Св. Кирил и Методиј во Ресен.

27042627_10211299092859353_1995218959_n

Богојавление – Водици

На 19.01.2018 г., празнувајќи го Богојавлението Господово, кога Господ и Спасителот наш Исус Христос се крсти во реката Јордан, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во соборниот храм Св. Димитриј во Битола. 

IMG_9449

Обрезание Господово (Стара Нова Година)

На 14.01.2018 г., празнувајќи го Обрезанието Господово и споменот на Светиот Василиј Велики, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во храмот Пресвета Богородица во Битола. 

IMG_9254

Свети Василиј Велики – Архиерејска Вечерна Богослужба

На 13.01.2018 г., во предвечерието на празникот Обрезание на Господ Исус Христос; Свети Василиј Велики, архиепископ Кесариски; (Стара Нова Година), Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи празнична Вечерна Богослужба во храмот Пресвета Богородица, Битола.

IMG_9075

Свети Првомаченик и Архиѓакон Стефан – Трет ден Божик

На 09.01.2018 г., третиот ден од Рождеството Христово, кога го празнуваме споменот на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан; Преподобните маченици Теодор и Теофан Начертани; Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во црквата Св. Кирил…

IMG_9027

Собор на Пресвета Богородица – Втор ден Божик

На 08.01.2018 г., кога го празнуваме Соборот на Пресвета Богродица; Спомен на бегството во Мисир; Преподобен Еварест; Свети Ефтимиј Исповедник, епископ Сардиски; Преподобен Константин Синадски; Преподобен Никодим Прилепски-Тисмански; Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во Прилеп.