Света Архиерејска Литургија во храмот „Вознесение Христово“ во село Добрушево

На 18.04.2026 година, во саботата од Светлата седмица, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан – во сослужение со Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, Неговото Преосвештенство, Епископот Хераклејски г. Климент, чиноначалствуваше на Светата Златоустова литургија во храмот „Свети Спас“ – с. Добрушево, Битолско; каде што годинава, по 14-ти пат се одржува т.н. Добрушевска средба.
По Литургијата следуваша богата културна и фолклорна програма.