Дваесет и четврта недела по Педесетница – Света Архиерејска Литургија во храмот „Свети Великомаченик Георгиј“ во Ресен

На 23.11.2025 г., во Дваесет и четвртата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во  сослужение на протоерејот ставрофор Сотир Гочевски, протоерејот Михаил Матвеев и протоѓаконите Драган Ѓеоргиевски и Константин Сековски, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Свети Великомаченик Георгиј“ во Ресен. 

На Божествената Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.