По покана на Неговата Светост, Патријархот Московски и на цела Русија г. Кирил, на 7 октомври 2025 година во Москва пристигна делегација на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, во состав: Митрополит Преспанско-Пелагониски г. Петар, викарниот епископ Велички г. Никола и раководителот на Издавачкиот оддел на Скопската епархија, архимандритот Афанасиј (Арсоски).
Во првиот ден од престојот, делегацијата го посети Покровскиот ставропигијален женски манастир, каде во придружба на игуменијата Теофанија (Мискина) се поклони на моштите на блажената Матрона Московска и се запозна со животот на обителта и со дејноста на детскиот дом кој функционира во рамките на манастирот.
Вечерта на 7 октомври, гостите ги посетија Храмот Христос Спасител и Зачатеевскиот ставропигијален женски манастир, каде што ја разгледаа и подземната музејска поставка за историјата на манастирот.
На 8 октомври, во денот на преставувањето на преподобниот Сергиј Радонешки, делегацијата на МПЦ–ОА сослужуваше на Божествената литургија со Неговата Светост, Патријархот г.г. Кирил, и со архиереите и свештенството на Руската Православна Црква во Успенскиот собор на Свето-Троицката Сергиева Лавра. Во олтарот на соборот се одржа и братска средба на митрополитот Петар и придружниците со Патријархот Кирил.
Македонските архиереи се поклонија на моштите на преподобниот Сергиј Радонешки во Троицкиот собор и ја посетија Московската духовна академија, каде што беше организирана посета на Црковно-археолошкиот кабинет.
На 9 октомври делегацијата го посети Андреевскиот ставропигијален машки манастир, каде беше топло пречекана од намесникот на обителта и раководител на Аспирантурата на МДА, игумен Дионисиј (Шљонов). Гостите ја посетија Синодалната библиотека на Руската Православна Црква „Свјатејшиј Патриарх Алексеј II“ и изложбата „Царското семејство. Вознесение“, посветена на светите царски страстотрпци.
Во вечерните часови на 9 октомври, во хотелот „Покровскаја“ се одржа братска средба на македонските архиереи со заменик-генералниот директор на Паломничкиот центар на Московската Патријаршија г. Ј. В. Галиченко и со старшиот специјалист г. И. А. Рижов, на која беа разгледани насоките и перспективите за продлабочување на соработката меѓу Руската и Македонската Православна Црква во областа на православното поклоништво.
За време на престојот во Москва, делегацијата беше придружувана од соработникот на Секретаријатот за меѓуправославни односи при ОВЦС, г. А. Ј. Хошев.
На 10 октомври, делегацијата отпатува со поклоничка посета во Санкт Петербург.
Извор: https://mospat.ru/ru/news/93665/










