На 12.10.2025 г., во осумнаесеттата Неделата по Педесетница, во Исакиевскиот собор во Санкт Петербург, беше отслужена Света Божествена Литургија, со која началствуваше Митрополитот Санкт-Петербуршки и Ладошки г. Варсонофиј.
На светата богослужба сослужуваа и претставниците на делегацијата на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија:
Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, Епископот Велички г. Никола и архимандритот Атанасиј (Арсоски), како и Епископот Кронштатски г. Венијамин, Епископот Петергофски г. Силуан, прот. Сергеј Куксевич, прот. Алексеј Скљаров, прот. Роман Ковалски со соборниот клир и други свештенослужители.
Пееше соборниот хор под диригентство на Лев Дуњаев, како и младинскиот хор под раководство на Лариса Христич.
На богослужбата присуствуваше и директорот на државниот музеј „Исакиевски собор“ г. Јуриј Мудров.
По завршувањето на Божествената Литургија, митрополитот Варсонофиј им се обрати на верниците со топли зборови, изразувајќи ја својата искрена радост поради заедничката молитва и духовното единство со архиереите на Македонската Православна Црква. Во знак на благодарност и братска љубов, а како спомен на заедничкото богослужение, Митрополитот Варсонофиј им подари на архиереите на Македонската Црква крст со панагија.
Извор: https://lavra.spb.ru







