На 30.09.2025 година, кога го празнуваме споменот на Светите маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, отслужи Света Архиерејска Литургија во манастирот „Св. Јован Крстител“ во Капиштец, во сослужение со в. д. деканот на Православниот богословски факултет доцент д-р Илче Мицевски Игнат, професори од Факултетот кои се во свештенички чин, како и свештенослужители при манастирот „Св. Јован Крстител“.
На Литургијата присуствуваа проф. д-р Биљана Ангелова – Ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, студентите, наставниот и административниот кадар од Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје.
После Божествена Литургија, беше отслужен молебен за Призив на Светиот Дух за успешен почеток на академската година.

