На 06.05.2025 г., кога го празнуваме споменот на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереи ставрофорите Никола Грамбозов, Сотир Гочевски, протоерејот Михаил Матвеев, протоѓаконите Драган Ѓоргиевски и Константин Сековски, отслужи Света Божествена Литургија во храмот посветен на „Свети Великомаченик Георгиј“ во Ресен.
На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.