На 03.01.2021 г., во Триесеттата недела по Педесетница (Недела пред Христовото Раѓање), кога го празнуваме споменот на Светата маченичка Јулијанија и шестотини и триесетте маченици со неа, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Грамбозов и протоѓаконот Драган Ѓеоргиевски, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, во Битола.
На Божествената Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
Во денешното Свето Евангелие, браќа и сестри, беше кажано дека богат тешко ќе се спаси, како што рекол Господ Исус Христос т.е. дека богатите тешко ќе влезат во Царството Небесно!
Учениците Христови и присутните на овие Христови зборови прашале и рекле: „А тогаш кој ќе се спаси?“ (сп. Мат. 19. 25), а Господ им рекол: „Тоа што за луѓето е невозможно, за Бога е возможно“ (сп. Мат. 19. 26).
Денес, браќа и сестри, е Триесеттата недела по Педесетница, а на Божествената Литургија беше прочитано и Светото Евангелие за родословот на Спасителот наш Господ Исус Христос…