Свети Наум Охридски – Света Архиерејска Божествена Литургија во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“, во Битола

На 05.01.2021 г., кога го празнуваме споменот на Свети Наум ОхридскиСветите десет маченици на Крит и Свети Нифонт Чудотворец, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослушение на протоерејот Кирил Трајковски и ѓаконот Ѓорѓи Делев, отслужи Света Божествена Литургија во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“, во Битола.

На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

„Блажени се бедните по дух, зашто нивно е Царството Небесно!“ (сп. Мат. 5, 3).

Еден од оние, браќа и сестри, кој е блажен поради бедност на духот, на сиромаштијата, на сè што сметал дека не е негово, се мисли на доброто…

(Аудио) «Празнична аудио проповед на Митрополитот г. Петар»