Света Архиерејска Литургија во манастирот „Свети Великомаченик Меркуриј“ во село Барешани

На 07.12.2021 г, кога го празнуваме споменот на Светиот Великомаченик Меркуриј и Светата Великомаченичка Екатерина, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Грамбозов, протоерејот Златко Костовски, ерејот Горан Петковски и протоѓаконот Драган Ѓеоргиевски,  отслужи Света Божествена Литургија во манастирот „Свети Великомаченик Меркуриј“ во село Барешани.

На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

„Кога ќе ве поведат пред цареви и мачители, за да ве предадат, не грижете се однапред што ќе говорите, зашто вашиот Отец Небесен, тогаш ќе ве научи што да кажете“ (сп. Марко 13, 11).

Браќа и сестри, денеска ги прославуваме Светите маченици на нашата Света Православна Црква, Светиот Великомаченик Меркуриј, на кој е посветен овој Свет храм, и Светата Великомаченица Екатерина; Светата царица Августа, Светиот Порфириј, и уште други двеста војници, кои заедно пострадале со нив за Христа нашиот Бог и Спасител.

За Светиот Меркуриј и за Светата Екатерина, ќе кажеме она што е најбитно од нивните житија.

Имено, Свети Меркуриј, бил војник во времето на царот Декиј,  односно, бил војвода над ерменскиот полк наречен Мартензес, и се истакнал како силен војсководец и војник, кој во борбите, кои тогаш ги водела Римската Империја, на непријателите им ги сечел главите со мечот, како што косата ја коси тревата. Заради тоа царот го поставил на прво место меѓу војводите, но овој маченик за Христа нашиот Бог и Сшасител, кој живеел и пострадал во Кесарија, во Мала Азија, браќа и сестри, уште од детството бил воспитан во нашата Света Православна Вера, а имал и видение од Господа наш Исуса Христа, дека тој него ќе го прослави, па токму затоа, Свети Меркуриј, целосно Му се посветил на Бога. Кога другите војници му позавиделе и го наклеветиле дека тој е христијанин, а тоа се случило некаде до 251-та до 259-та година, кога е и неговото страдање. Свети Меркуриј се борел против многубожечките верувања, па токму затоа и пострадал, бидејќи не сакал да им принесе жртви на боговите, а Римјаните не верувале во Бога Троичниот, Отецот, и Синот, и Светиот Дух, туку имале измислени богови, како што и елините имале свои измислени богови, од луѓето, во тие рани векови на антиката, па и порано. Ете, токму затоа бил измачуван и после големите страдања, заради Христа нашиот Бог и Спасител, го положил животот свој.

Свети Меркуриј од неговиот дедо и од неговиот татко слушнал дека „Блажен е оној војник, кој ќе стане војник на Христа нашиот Бог и Спасител, бидејќи Христос ќе му даде нему Царство Небесно“. Овие зборови на неговиот дедо и на неговиот татко, него го потикнале целосно да Му се предаде на Бога и да верува во Него и да Го посведочи, не само со зборови и кажувања, туку и со својот живот и со своите дела, па така пострадал за Христа, нашиот Бог и Спасител.

А Светата Великомаченица Екатерина, потекнувала од царско семејство, односно ќерка била на кнезот или царот Консте. Света Екатерина, во тоа време била воспитана во тогашните најпознати светско науки, како што била философијата, медицината, реториката и логиката. Таа била една од најмудрите девојки во тоа време, па со својата телесна убавина ги пленувала сите, ама уште поголема и посилана била нејзината душевна и духовна убавина, зашто целосно Му се предала на Христа нашиот Бог и Спасител. Нејзината мајка и рекла нејзе да одбере, за кога ќе се омажи, а Света Екатерина и рекла: „Само за оној, кој е помудар, попаметен и поумен од мене, само за него ќе се омажам“. Токму затоа нејзината мајка ја одвела кај нејзиниот духовник (свештеникот), кој откако ја исповедал, и кажал дека најумен, најпаметен и најсвет, е Само Спасител наш Исус Христос, бидејќи од Него поумен, по учен и посвет нема на овој свет. Па така, Света Екатерина веднаш одлучила дека ќе му биде за секогаш вереница на Христа нашиот Бог и Сапсител, Кој нејзе во сон и се јавил и ѝ дал прстен. И денес на нејзиниот прст, сеуште се наоѓа прстенот на нејзиното Светот тело или моштите, кои се наоѓаат во манастирот Света Екатерина на Синај, како сведоштво дека Христос нејзе и ветил вереништво, бидејќи таа својот живот Му го подарила на Христа нашиот Бог и Спасител.

Откако мачителот, царот Максимиан, слушнал за неа, одлучил на секој можен начин да ја поколеба во верата и да принесе жртва на многуте богови, но таа го одбила. Кога тој видел дека не може да ја надмудри, тогаш повикал педесет најмудри луѓе, во тоа време, што неа ќе ја разубедат, да не верува во Христа нашиот Бог и Спасител и на тој начин да принесе жртви на нивните богови, но и тие не успеале да ја убедат, туку напротив Светата Екатерина нив ги убедила дека постои Спасителот Христос, Синот Божји, Еден од Светата Троица, Отецот, и Синот, и Светиот Дух, и дека тие ако сакаат вечен живот, ќе го добијат, само ако поверуваат во Него. Тие поверувале, па заради тоа биле сите погубени, а најпосле и Света Екатерина била подложена на секакви други можни мачења и страдања, па конечно била ставена на некое тркало, од кое целото тело и станало како една голема рана. Но Господ, браќа и сестри, и ги излечил сите поранешни рани, па затоа таа била веќе ставена во затвор и темница, каде го обратила во верата војводата Порфириј, заедно со уште двеста други војници што биле со него, и така сите тие пострадале за Христа нашиот Бпг и Спасител. Конечно царот одлучил да ја погуби со меч, па така и била пресечена нејзината глава, и наместо крв, од нејзиното тело, потекло млеко.

Свети Меркуриј, браќа и сестри, кој исто така бил погубен со меч, телото негово станало бело како снег, зашто Господ овие нивни тела ги подготвил да бидат нераспадливи.  Сите оние што со вера пристапувале кон нивните Свети тела, кон нивните Свети мошти, се лекувале од секакви болести. И ден денес, возљубени браќа и сестри, се лекуваат од секакви болести оние што со вера пристапуваат кон нивните Свети мошти и бараат преку нивните молитви спасение од Христа нашиот Бог и Спасител.

Па така Светата Екатерина, во својата осумнаесетта година, т.е. во 310 година по Христовото раѓање, го предала свјот живот на Христа нашиот Бог и Спасител. Света Екатерина пред да пострада, многу девојки во тоа време почнале да ја оплакуваат, зашто била прекрасна по тело, но таа им рекла: „Oставеме го вашето неразумно плачење, сега јас Го гледам мојот вереник Христа Спастелот, за Кого јас сум се верила и Он ќе ја прими мојата душа и ќе ми го даде Царстовто Небесно“. Така и се слчило.

Откако слушнавме како живееле овие Свети луѓе, овие великомачници, Свети Меркуриј и Света Екатерина, се поставува прашањето, зошто тие ги дале свите животи? Зборот маченик, на грчки μάρτυρ (мартир), значи оној што сведочи нешто, односно сведоштво. А великомаченик занчи голем сведок. Овие великомаченици се големи сведоци за Христа нашиот Бпог и Спасител.

Веднаш, повторно се поставува прашањето, ние што можеме возљубени да посведочиме и да жртвуваме? Верувајте, ако некој нè праша дали сме здрави луѓе, ние ќе речеме: да здрави сме, (ако сме здрави се разбира), но ако ни рече: ајде посведочете го тоа со нешто, дај некоја жртва како сведоштво, верувајте, ни нашите миленичиња, кучињата, нема да ги дададеме во жртва за да посведочиме дека сме здрави, ако сме здрави се разбира. Значи за такви вистини ние ни миленичињата, т.е. кучињата не ги жртвуваме, а да не зборуваме за други по банални работи кога треба да посведочиме. Но во овој случај, кога треба да се сведочи постоењето на Бога Троичниот, Отецот, и Синот, и Светиот Дух, постоењето на Христа нашиот Бог и Спасител, овие Свети Великомаченици, тоа не го посведочиле со некаква друга жртва, туку лично со својот живот, и тоа во нивната рана младост.

Зошто тие го направиле тоа? Го нашравиле затоа што имале силна вера, дека постои задгробен живот, постои вечност, и дека ние порано или подоцна ќе си заминеме од овој свет. Знаеме дека некои дури уште не излезени од утробите на своите мајки, го завршуваат својот живот, а тоа го прават оние што ги убиваат децата во своите утрови. И некој само што ќе се родат ќе умрат, некои како мали деца умираат, други како момчиња и девојчиња, трети во средната возраст, а некои како старци и старици  во поодминати години, па можеби и преку сто години. Но сето тоа е времено, браќа и сестри, бидејќи порано или подоцна ние ќе мора да се преселиме во оној свет. Ние само тука на земјата единствено имаме можност да го спечалиме или не дај Боже да го загубиме Царството Небесно, кое, како што вели Христос, е „подготвено уште од постанокот на светот за оние што го љубат Господа“.

Кои се тие што го љубат Господа? Господ вели: „Оние што ги исполнуваат Моите заповеди, тие Ме љубат Мене, тие се Мојата Мајка, тие се Моите браќа, тие се Моите сестри“. Што значи, оние што вистински Го сакаат Христа нашиот Бог и Спасител, ги исполнуваат Неговите Свети заповеди. Па токму затоа мачениците како сведоци Божји, ги жртвуваат своите животи тука на земјата, во оној момент кога сметаат дека се достојни за средба со Бога. Средбата со Бога, значи подготвеност да се замине од овој, во оној свет, од овој, во оној живот. Кога ќе се случи тоа, дали во детството или во младоста или во средната доба и староста, тоа не е битно, битно е подготвени да го напуштиме овој свет. Подготвени значи, ако за сите гревови и грешки што сме ги напавиле во нашиот живот, побараме прошка за гревовите како и да направиме спротивни добри дела на гревовите наши, ако сме  краделе,  да го вратиме украденото, или ако не можеме да го вратиме на оној од кого  е украдено, да дадеме милостина на сираци, на сиромаси, на вдовици, на болни и на храмот Божји и.т.н.

Ако сме лажеле, како што денеска деведесет посто кај луѓето е присутна лагата во нашиот свет, во нашето опшество и во нашата Татковина. Не е толку жалосно што лажат оние што не веруваат во Христа нашиот Бог и Спасител, туку што лажат и оние што се крстени, оние што се миропомазани, оние што се венчале во Црквата, оние кои на Крштението рекле лично или кумот во нивно име рекол дека се откажуваат од сатаната, од сите негови дела, од сето негово служење, и од сета негова гордост. Токму тие лажат до не мајкаде и гајле немаат за своите лаги. Да, можат да лажат тие овде на овој свет, но не и таму на оној свет, зашто по нашата смртта, нас нè очекува времен суд, каде ќе треба да дадеме одговор за она што сме го направиле тука на земјата, и ќе ни биде дадено времено да бидеме или во Царството Небесно, односно во времениот рај, или во адот, каде што страдаат грешниците, а на Страшниот Христов Суд, конечно ќе биде одлучено каде ќе бидеме, браќа и сестри, во вечниот рај или пекол.

Да не заборавиме дека само тука на земјата, додека сме живи, имаме можност да се ослободиме од гревовите. По смртта, никој не може ништо да направи за да се ослободи од гревовите, тоа го може само Црквата Христова, која преку молитвите кои ги вознесува до Бога, може да им ги ублажи болките на оние што се во адот. Но не може да се премине од едната во другата страна, односно од адот во рајот, а тоа го потврдува и параболата за сиромавиот Лазар, каде се вели дека меѓу праведниците и грешниците има огромен амбис.

Возљубени, браќа и сестри, овие великомаченици, успеале да Го прослават Бога и добровоно да ги дадат своите животи. Тоа всушност не е нивно дело и заслуга, туку Божјо дело. Не по заслуги, туку по милоста Божја се станува светител, маченик, или великомаченик. И токму во таа смисла, Господ нам ни ја дал благодатта на сите нас, која ја добиваме преку Светите Тајни, почнувајќи од Света Тајна Крштението, а исто така и преку подвизи, молитви, пост и сите други добри дела, кои ги правиме, но не по наша заслуга, туку по милоста Божја. А таа Божја благодат е сила Божја, тоа се несоздадени Божји енергии, со кои ние практично учествуваме во природата Божја, односно можеме со својот просветлен ум, откако ги очистиме срцата и душите од секаква нечистотија, да Го гледаме и чувствуваме Бога, и постојано да копнееме и мислиме на Него.

По молитвите на Светиот Меркуриј, Светата Екатерина, на Светиот маченик Порфириј и оние двеста мачениците со него, како и Светата царица Августа, Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилувај нè и спаси нè нас грешните. Амин!

Митрополит Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско- новозеландски г. Петар