Свето Благовештение – Архиерејска Вечерна богослужба во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 06.04.2019 г., во предвечерието на празникот Благовештение на Пресвета Богородица, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, отслужи Вечерна Богослужба во храмот „Пресвета Богородица“, Битола.

Денес е радоста на благовеста, девственото торжество, овдешниот свет со горниот се соединува, Адам се обновува, а Ева од нејзината прва жалост се ослободува. Скинијата на нашето битие стана храм на Бога, преку обожување на примената природа. О таинство! Несфатлив пример на понужување! Неискажливо богатство на добрина! Ангелот му служи на чудото! Девствената утроба Синот Го прима! Духот Свети се испраќа! Отецот од небото благоволи; единството се извршува со заедничка волја! Во Него и со Него спасени, заедно со Гавриила да и запееме на Дева: Радувај се Благодатна, од Тебе е спасението – Христос нашиот Бог, зашто Он ја прима нашата природа за да ја издигне кон Себе. Него моли Го, да ги спаси душите наши.