Свети апостоли Петар и Павле – Архиерејска Литургија во Смилево

На 12.07.2018 г., кога го празнуваме споменот на Светите Апостоли Петар и Павле, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Света Божествена Литургија во манастирот посветен на Светите апостоли, во село Смилево.

На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

„Нивниот глас се слуша по целата земја, а нивната проповед до краиштата на вселената“ (сп. Псал. 18, 4).

Вака старозаветниот пророк, говори за денешните славеници, за Светиот апостол Павле и Светиот апостол Петар, кои се врховни апостоли на нашата Света Православна Црква. Имено овие Свети Апостоли, ученици на Господа наш Исуса Христа, најмногу се истакнале…

(Аудио) «Празнична аудио проповед на Митрополитот Петар»