Света Злата Мегленска – Празнична Вечерна

На 25.10.2018.г., во предвечерието кога го празнуваме споменот на Светата Великомаченичка Злата Мегленска,  во храмот посветен на Светата Великомаченица се отслужи Празнична Вечерна богослужба, со Петтолебие.

Со твоето доблесно трпење, си ги престрашила беззаконите мачители, кога прифати поскоро да умреш за Христа од сѐ срце, отколку без Крстот да живееш срамно, Великомаченице Злато богоизбрана, бидејќи со твојата смрт верните се озарија со светлина, а мачителите во срам се облекоа. А ние верно ти викаме: Моли Му се на Христа Бога за нас непрестајно. (Тропар глас 4)