Отец Јован, вие во една од своите лекции рековте: „Мене од длабочината на душата ме поразува фактот, дека во нашето време во Западна Европа и во Америка, ние повеќе не ја гледаме смртта“. Што сакавте да кажете?
Порано човекот често умирал дома опкружен од своите блиски, кои го гледале како згаснува, се грижеле за него и биле со него во последните мигови од неговиот земен живот. Потоа неговото тело, ден или два се наоѓало дома, и роднините се молеле покрај неговиот одар за покој на неговата душа. А потоа, го пренесувале неговото тело во Црква и молитвено го погребувале. Ова сакав да ви го пренесам, кога говорев за тоа, дека „ние повеќе не ја гледаме смртта“.
Секако, од смртта не можеш да избегаш, но нејзе можеш внимателно да ја игнорираш. Ако порано луѓето ја гледале смртта со своите очи и биле целосно вклучени во погребниот процес, денес ние за неа слушаме од весниците и социалните мрежи, – но не ја гледаме со своите очи, немаме опит за нејзиното долгогодишно искуство. Ова, мислам е важна одлика на современото општество.
Покрај тоа, во Америка постои силно мислење, дека човек може да умре само во два случаи – или во несреќен случај, или во болница. А ако тоа се случи дома, помеѓу ближните, тогаш веднаш ќе дојде полиција и ќе почне да испрашува: Што се случи? Зошто умре човекот? Денес, самиот факт дека некој мирно се упокоил во својот дом, опкружен од своите блиски, предизвикува збунетост и сомневање: очигледно нешто не е во ред!
Човекот е предвидено да умре во болница, каде што ќе дојде некоја медицинска сестра, ќе го исклучи копчето… и тоа е сè. После тоа, на семејството ќе му дадат 20 минути да постои покрај телото, пред да го однесат во мртовечница и да го кремираат. Потоа роднините и пријателите се собираат и прават помен, и со тоа сè се завршува.
Зошто вие сметате, дека личниот опит во нечија смрт е толку важен за нас?
Затоа што главниот христијански празник, Велигден или Пасха, е директно поврзан со смртта. Просто да размислиме: Црквата востановила три подготвителни недели, за ние да се подготвиме за Великиот пост, а потоа – уште седум недели, во кои ние се подготвуваме за Пасха, а потоа уште четириесет дена се учиме да го разбереме тој настан, да го осмислиме и да го сместиме во себеси. Практично пола година, Црквата ни напоменува нам за важноста на Христовото Воскресение, не говорејќи и за тоа, дека на овој настан е посветена и секоја недела.
Кој зборови во тропарот на Пасха се најважни? Секако, „смртта со смрт ја победи“! Обратете внимание: таму не е речено, дека Христос ни дал нам вечен живот. Не, Он имено смртта со смрт ја победи и преку тоа ни покажа нам, што е тоа живот.
Покрај тоа сите ние прекрасно знаеме, дека дури и по Воскресението Христово, нашиот земен живот ќе дојде до крајот и ние ќе умреме. Но Господ направил нешто апсолутно прекрасно: самата смрт Он ја победи, така што, таа за христијанинот не е повеќе извор на страв и ужас, туку оружје на неговата победа. Да, сите ние ќе умреме, но смртта за нас не е „точка“, туку само „премин“ кон нешто неспоредливо поважно.
Зборовите „смртта со смрт ја победи“ ни откриваат нам, дека пред нас не е богот на јазичниците, со кој можеш да направиш договор по принципот: јас тебе ќе ти запалам свеќа, а ти мене ќе ми помогнеш на испит.
Не, во Христа, Кој умре и со смртта, смртта ја победи, ние го откриваме за себеси вистинскиот Бог. Ова е надумна и неискажлива тајна на нашата вера, и затоа Светиот апостол Павле пишува дека силата Божја не се покажува во слава и величие, туку во немоќта, слабоста и смртта.
На таков начин, ние доаѓаме до одговорот на вашето прашање. Тој, кој не ја видел смртта, не го видел Бога. Оној кој никогаш не стоел до одарот на покојниот, не се молел на Бога за покој на неговата душа, не учествувал во погребалните подготовки, тој не е способен да погледне подалеку од хоризонтот на биолошката егзистенција. Тој нема личен опит за надминување на тој хоризонт со силата на Исуса Христа, Кој „смртта со смрт ја победи“.
Тој просто не го знае тој Бог, кој ние го знаеме, и затоа сè, што тој има – е само земниот живот. Тој се фокусира само на него. Имено, затоа во Америка денес е популарен слоганот:
„Живеј го својот живот во сета негова полнота, пробај сè што е возможно!“ Овој повик е сосема соодветен, и во него нема ништо погрешно – но само во тој случај, ако целиот наш живот не биде ограничен само со времето на земната егзистенција, после која нема ништо да постои“.
Извор: http://pravlife.org