Најстрашните страдања предизвикани од ѓаволот

Светот навистина доброволно чекори во адот. Огромни редици чекаат околу портите на адот, каде секоја минута големиот број на луѓе, може да се спореди само со бесконечните редици за новата верзија на ајфон или со големата распродажбата во трговските центри за време на попуст. Интернетот се распаѓа од порнографија, насилство, злоба, омраза, и сето ова се апсорбира од сè поголем број на хипертрофирани умови на луѓе, чии срца се преполни со омраза и страсти. Технологијата, која не воведува во адот, си го прави своето. Пикселите ги уништуваат човечките умови, подобро од било кој спектакл.

Продуктивноста на духовите на темнината е очигледна. Од една страна, третина од човештвото е заразено со сатанскиот дух на убиства и уништување на другите. Друга третина умира од глад или безнадежно гледа на својата смрт како на избавување. А друга третина, безумно танцува низ огнените јазици на страста, добивајќи се повеќе и повеќе пари, кои се трошат брзо во бесконечна сарабанда[1].

Култот на смртта, магијата и демонизмот, како духовен хероин, систематски се взбригува во исцрпените вени на човештвото. Смрт. Таа се претставува како неизбежно посакувано задоволство, ако станува збор за друг; станува причина за депресија и погубно очајание, начин за воспоставување на криминална „правда“; уништува милиарди судбини; го загушува чувството каи луѓето да сакаат; прави чекор назад за огромни пари и внимателно се маскира, откако поткрпена со ботокс се претставува како дива.

Смртта е проклета мајка, која е семоќна на земјата. Дури и Бог, Царот на животот, рекол за бесот, дека тој е „кнезот од овој свет“ (Јован 14, 30). Смртта се прославува насекаде, човечката култура е претворена во култура на смртта и распаѓањето, односно во умирање пред смртта. Јас не говорам само за земното премунување на човекот, јас ја имам предвид вечната смрт, бесконечните маки и ужасниот ад, во кој мнозинството трча и стрмноглаво паѓа.

Само еден одблесок на светлина сеуште ја осветлува земјата. Тоа е светлината во детските очи. Ние колку и да сме биле лоши, сите ние сме биле свети како непорочни ангели, поросени со рајска роса и исполнети со Божја благодат. Па така, најголемата трагедија на човештвото – не е смртта, туку тоа, што ние од ангели се претворивме во паднати суштества, влечени од монструозните духови. Човештвото го продолжува падот на злите ангели, го довршува него и ја дополнува плиромата на адот. Дури и најлошите сериски убијци во детството биле свети созданија исполнети со Божја благодат.

Има и нешто друго. Светата Божествена Литургија. Додека на земјата сеуште се служи Литургијата, небото е сеуште отворено и плачи за човештвото. Сè додека со солзи се воспева непорочната Жртва на Агнецот Божји, адот останува само отпадна јама на уништеното битие. Сè додека се вознесуваат рацете на свештеникот на епиклезата[2], Пресветиот Дух го осветува распадливото тело со Пречистата Божја Крв.

Литургијата – е гигантска секира, прободена во срцето на адот, таа е смрт за смртта, страв за демоните, дишење на Светиот Дух во луѓето, духовен мирис, рајска роса и оладување на врелата пустина во светот. Додека на земјата се служи Светата Литургија, рајските кринови сеуште расцветуваат во душите на оние кои го љубат лицето Божјо.

Затоа се здружиле сите адски легиони, за да ја омаловажат и уништат Светата Божествена Литургија. Тие сакаат да ја искоренат од безбожните христијани со помош на ересите и да ја оттргнат од општеството со помош на војни и прогони. Се исмеваат над нејзината секуларизација, која е монструозно искривена со суеверија и синкретизам и осквернета со милиони убивства на неродени деца.

Против свештениците се борат сите бесовски орди, кои излегуваат од длабочините на адот.

Највредниот трофеј пред престолот на темнината е срцето и животот на свештеникот, кој повеќе не служи Божествена Литургија. Сите пијаници во светот со злобна намера настојуваат: да се фрлат под автомобилот, кој го управува свештеникот, за тие несакано да станат убијци и свештеникот повеќе да не може да ја принесуваат бескрвната Жртва. Сите убијци на земјата имаат намера да ги искушуваат и убиваат свештениците. Сите духови на злобата, се обединуваат да ја уништат Црквата во душите на служителите на Евхаристијата. Сите демони сакаат да ги зграпчат и врзат рацете на свештеникот кои ги служи Тајните на Црквата.

Нивните семејства се уништуваат и нивните имиња се газат во калта. Ѓаволот знае дека свештеникот се поразува, само со уништување на темелот на неговото семејство, ако влезе во срцето на жената и децата, ако го порази со смрт и непостоење.

А за тоа време луѓето, изгладнети умираат во пустината на овој свет. Да даде Бог, негледајќи на сето ова, сеуште да се служи Светата Божествена Литургија. Таму на Светиот Престол, Богомладенецот, Кој е поголем од небесата и помал од атом, умира и воскреснува, давајќи се себеси како капка солза, евхаристиски претварајќи го човештвото и целата вселена во Свое Пречисто Тело. Литургијата – е пред сè Бог, Кој не љуби бескрајно и горко плаче за нас.

[1]Сарабанда – шпански танц со кастанети.

[2] Епиклеза – Призив на Светиот Дух од страна на свештеникот на Светата Божествена Литургија.

Свештеник Јован Валентин Истрати

Извор: http://pravoslavie.ru