Концерт на Византиско Црковно Пеење во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, во Битола

На 19.09.2018 год, во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Битола, во рамките на БитФест се одржа концерт на византиско црковно пеење.

На концертот настапуваа повеќе црковни хорови, меѓу кои: византискиот хор „Св. Ахил Преспански“ од Ресен, византискиот хор „Св. Нектариј Битолски“ од Битола, женскиот  црковен хор „Св. Макрина“ од  Битола, Ансамбл  „Пелагонитиса“ при црковниот хор „Света Петка“ од Прилеп, византискиот хор „Св. Роман Слаткопевец“ од Струмица и византиски хор „Калистрат Зогравски“ од Струга.