Дваесет и осма недела по Педесетница – Света Архиерејска Литургија во храмот Свети Великомаченик Георгиј, во Ресен

На 09.12.2018 г., во Дваесет и осмата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на Преподобен Алимпиј СтолпникПреподобен Јован ОтшелникПреподобен Стилијан, Преподобен Никон, Свети Инокентиј Иркутски чудотворец и Свети Великомаченик Георгиј; Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Света Божествена Литургија во храмот Свети Великомаченик Георгиј, во Ресен.

На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

„Дојдете сѐ е приготвено!“ (сп. Лука 14, 17).

Браќа и сестри, денеска е Дваесет и осма недела по Педесетница. Во денешното Свето Литургиско Евангелие, се говореше за тоа како Господ кажал една парабола, за тоа како еден човек домаќин приготвил вечера и ги пратил своите слуги да ги повикаат поканетите.

Првиот од поканетите, одбил да отиде на вечерата со зборовите, дека купил нива и дека треба да ја ора. Рекол: те молам, извини ме!

Вториот рекол, дека купил пет чивта волови, па требал да ги проба. Рекол: те молам – извини мe пред господарот!
Третиот рекол, се оженив…

(Аудио) «Воскресна аудио проповед на Митрополитот г. Петар»