За љубовта Божја

“Љубовта Божја е сржта на предвечното Битие. Во Љубовта го наоѓаат својот највозвишен израз сите останати атрибути на Божеството: Премудрост, Царство, Сила, Светлост. Во неа е убавината на предвечното непоколебливо Царство. Љубовта Христова е откровение на Тајната и Љубовта на Отецот. Љубовта Христова се вселува во срцето коешто е подготвено да го прими нејзиниот пламен. Но, овој исклучителен благослов во овој свет не му дава мир на својот служител, се’ додека не го изврши своето дело ( Јн.17,4). Речта за молитвата што се раѓа од оваа Љубов ги ужаснува срцата. Болен е патот што води кон стекнување на светата Љубов. Можеби затоа многумина отпаднуваат од Христијанството… и бегаат од крстоносниот пат на оваа Љубов, на други патеки? Но, нема друг пат, како што нема и друг Бог (Јн. 14,6).

starec Sofronij
Старец Софрониј Сахаров

Духот е силен, но телото е слабо. (Мт.26,41). Земнородното срце , во избрани моменти може да го допре нестворената Светлина на Љубовта Христова. Во неа е вечноста Божја; во неа е единствената и последна цел на нашиот подвиг.“

Старец Софрониј Сахаров

“Мудроста е во молчењето и тишината, никако во многуте зборови. Тие ја исцрпуваат физичката и духовната сила на човекот, тие само пелтачат за суштината, до која што се стигнува само со молчење и тишина.“

Владета Јеротиќ

Преземено од: Моника Николова