Целта на покајанието – II дел

Аскезата не се потчинува на моралните наредби, кои што можат да доведат до лицемерие, до робство на ладната должност и до сиромаштијата на индивидуалистичкиот морализам. Потчинувањето на правилата не носи вистинска радост, освен едно површно задоволство, кое што нè тера да си кажеме: „Се чуствувам во ред!”. И од тука па натаму, во одреден момент човекот веќе нема причина да ги пази тие заповеди.

Во секој пристап, кој што насочува кон пазење на определен морален систем, се забележува едно трагично отсуство – отсуство на личноста. Во тие случаи личноста не е способна да се оѕвие и да ги сподели трагичните судири во животите на другите луѓе, да ја разреши драмата на страданието и осаменоста. Моралниот закон е безличен и не може да даде одговори на нај-скриените и егзестенцијални прашања на човекот – на оние прашања, со кои тој живее секој ден, како и на оние, кои што се однесуваат на причината на неговото постоење. Наоѓаме утеха во некаков си морален закон, кој што ќе нè оправда, бидејки се плашиме да се исправиме пред тие секојдневни и егзестенцијални прашања. Тие внатрешни одблесоци на нашето битие, кои ја поставуваат дилемата кој сум и која е причината за моето постоење, содржат толку многу болка во себе си, што нè исправуваат пред таква тешкотија, бараат таква смелост и смел дух, што ние отстапуваме пред стравот да се бориме лице во лице со нив. И избираме да не се бориме, да се самооправдуваме преку пазењето на некаков си закон и правила, за да се чувстваме спокојни и во ред со себе си.

За да се пронајде човекот себеси и својот пат во Бога, тој не може да се ограничи до барањата и потчинувањето на надворешните закони и правила. Дури да го направи тоа, во даден момент ќе почувствува таков притисок, што лесно ќе подлегне. Аскезата е много длабок личносен настан и добива смисла, кога ќе ја поврземе со Божјата благодат. Аскезата има за цел да ја бара благодатта; таа е премногу врзана за Божјото човекољубие. Без Божјатата љубов, без нејзиното барање, аскезата ја губи својата содржина и станува мачење, се претвора во растргнување на човекот.

Да видиме, всушност, од што вистински имаме потреба. Независно од историското време, аскезата води во една и иста насока и ја нема променето својата суштина, управувана од потребата да бидеме соединети со Бога, да сме вистински сврзани со другите, па така да ја чуваме Божјата волја. И сепак, таа добива различна форма, сообразно потребите на секоја епоха. Дали побаравме што е во нашата епоха  најзначајното, од кое имаме потреба, и кое треба да е смислата на нашата подвиг? Изгледа, дека современиот човек нема потреба толку многу од физички труд, освен од трудот, кој што го прави секојдневно. Тогаш, од што тој чувстува потреба? Да се ослободи од секакви надразнувачи – од вревата крај него, забрзаноста,  наркотиците, алкохолот, т.е. од сè, кое што раѓа беспокојство и го замаглува погледот, така што, не ќе може да види што станува внатре во неговата душа. Да го запази внатрешниот спокој, тишина и молчание, за да може да се моли и да го чува своето срце. Денес цивилизацијата вели – ти си важен, бидејќи си успеал. Многу од тие успеси, сепак се на штета на нашето срце, на внатрешната ни реалност. И колку по-опипливо е чуството на слабост во нашиот внатрешен свет, толку повеќе сакаме да се пројавуваме и да се афирмираме во надворешниот свет.

Аскезата како состојба на духот наложува одмор, таа е „штрајкот” од целата бучава на светот; таа е изборот на молчењето, на спокојството, кое што ќе ни даде можност да го чуеме нашето срце. Да слушаме и да разбереме која е причината што не сме способни да водиме духовна борба. Зошто борбата не ни доставува задоволство… Бидејки не сме на чисто од каква духовна болест страдаме и по кој пат да тргнеме…

Првиот чекор во аскезата е да се одалечиме од бучавата, која што нè опкружува, без сепак задолжително да се оддалечиме од самиот свет. Подвигот не се ограничува со некакви надворешни дејства, а се изразува во осознавањето што е излишно за нас и во тоа, да се лишиме од оние нешта во нашиот живот, кои што ни носат лажно задоволство. Денес е полесно да му кажеш на еден христијанин да направи некое конкретно дело или да почитува некаков рецепт, отколку да го повикаш да се лиши од определени нешта од својот живот, за да е способен навистина да го чуе своето срце. И не сме неспособни за тоа, бидејки работиме по осум часа секој ден, туку затоа што сосема свесно бегаме од таа тишина, која што ќе ја открие покајната состојба на нашиот внатрешен свет. Кога ја губиме врската со собственото срце, ние ја губиме врската со сè – со другите, со молитвата… Во тој случај, јас не знам што е молитвата, не добивам задоволство од неа, таа не ми зборува ништо! Тогаш, дури ни храната не ми носи полза, туку штета. Има многу телесни болести, кои што произлегуваат од исхраната, што не значи задолжително, дека самиот самиот квалитет на храната не е добар, туку дека доколку јас не сум добар, храната, која што ја јадам, ме разболува. Кога не сум во ред со себе си, тогаш и храната, која што ја јадам, ја губи својата содржина. Кога си во ред, се радуваш и на она, кое што го јадеш. А ако не си добро, тоа те јаде, не ти него… Ако на пример јадеш многу, тоа значи, дека имаш некаков духовен проблем. Оној, кој што јаде многу, нешто му недостасува. То ест, кога  чуствувам опседната желба да јадам, значи, дека покривам некаков недостиг, чувствувам празнина и ја пополнувам на тој опиплив начин. Кога ја губам врската со сопственото јас, не само на духовно и егзестенцијално, туку и на психичко ниво, тогаш храната не ми дава здравје и живот, не ѝ се насладувам вистински, а правам напор да се потисне внатрешното бунило, го „јадам” својот немир.

Додека светот ти вели: „Живееш вистински кога земаш што ќе посакаш од животот!”, аскетичниот пат ти вели, дека живееш вистински не кога земаш и имаш, туку кога го бараш она што ти дава знаење. Аскезата е спротивност меѓу немарноста, презирот и рамнодушноста кон другиот; спротивност на индивидуалната употреба на добрата и предметите (како што ги употребува секој богаташ). Таквата употреба е блудство, таа е грев. Блудството не е само телесен пад, но е и начин, на кој што ги употребуваме материјалните блага по принципот „Тие се мои и јас ќе си ги изедам. Јас и моето семејство!”…  Таквата индивидуална употреба на благада е пад. Кога човекот нема спокој, тој сака исклучително многу. Тоа е отров кој влегува во нас и нашите желби неосетно нараснуваат повеќе и повеќе. Но, дури и земјата не може да ги понесе нашите претензии и се разболува. Што ќе ја спаси Земјата? Аскезата. Ограничувањето на потребите нè води до урамнотеженост. Во спротивен случај, таа наша неморалност се проектира преку созданието. При падот на прародителите, гревот влегол во тварта и тоа не е нешто, кое што се ограничува до хоризонтот на нашето тело, туку се емитува и изразува во животот на сето создание.

Неограниченото барање на среќа и неконтролираната благосостојба водат до оскрбување на созданието. Затоа што од моменталната радост, која што ја даваат, таквите остварени желби на крај се претвораат во бреме и започнуваат да ти се одмаздуваат. Она, кое што толку многу си го барал и си го освојувал, ќе одземе од тебе скапоцено време, ќе ти создаде грижи и дури може да те разболи. И така, што е аскезата? Ослободување од излишните потреби. Знае ли секој еден тука кои се неговите реални потреби? Ако не знаеме, нема да имаме рамнотежа, нема да сме во ред со себе си. Не сме способни да се посветуваме на молитвата, не затоа што сме оптеретени од грижи, како што често си мисли современиот човек, туку затоа што сме оптеретени од потреби, кои што, ако не можеме да ги задоволиме, не прават несреќни. Ние сме клети, не затоа што нашите потреби не се задоволени, но бидејки имаме излишни потреби. Создадовме цивилизација, во која наместо човекот мудро да господарува над материјалната природа, тој трагично ѝ станува роб на истата.

Аскезата има за цел, не да ја казнува и мачи, туку да ја исцелува човечката природа. Некои велат, дека аскезата е особено мачителен избор, полн со ограничувања. Етe како сме навикнати со идејата, дека добро е да правиме што сакаме, а дека ограничувањето е нешто многу лошо. Сепак, кога се прави доброволно и свесно, ограничувањето е неопходно. Како што болниот после операција не може да јаде тоа што посакува. Лекарот му припишува лекарства, кои што се сврзани и со неговиот начин на живот и со неговите навики за исхрана. Ние не разбираме, дека  боледуваме и затоа имаме потреба од конкретно лекарство. Кога човек ќе го чуе зборот “аскеза”, го натоварува со негативно значење. Но отците се еднодушни, дека вистинската аскеза не оттуѓува, таа всушност не е изолација… Но што е таа сепак?…

Зборувавме за етосот на аскезата во врска со Бога и во нашиот став кон предметите. Третиот аспект е врската со нашиот ближен. Делото на аскезата е да се спријателуваме не само со Бога, но и со човекот. Св. Максим Исповедник вели, дека оние, кои што го почитуваат Бога, живеат на Земјата ангелски живот – постејќи, бдеејќи и постојано мислат добро за секој човек. Св. Василиј Велики исто така кажува јасно, дека дури човекот и да ги пази Божјите заповеди, дури и да има големи харизми, без љубов кон неговите браќа сите напори му се претворуваат во беззакони дела. Секоја аскеза, лишена од љубов, станува туѓа на Бога. Аскезата ја има за свој центар љубовта – кон Бога, и кон себе си, затоа што моето јас исто го поврзувам со Бога и во Него го барам спокојот на своето срце, но и на брата си. Не можам да имам спокој, ако не му дарувам спокој на брата си. Еден отец од времето на раната Црква, кажал нешто многу важно: кој ќе ја пропушти шансата да му помогне на еден човек во неговата духовна мака, ќе биде одговорен за неговата погибел. Прашањето не е во тоа, човекот да раскажува некакви теории, туку само дејствено да ја распространува евангелската љубов. Што е аскезата на љубовта? Да можеш да го разбираш другиот. Да ја разбираме неговата состојба, неговата потреба, да излегуваме од себе си. До кој степен можеш да го разбереш другиот? До степенот, во кој што можеш да се разбериш и себе си – ако не се разбираме себе си, нема да ги разбираме и другите.

Кога сме заплеткале во тоа да ги задоволуваме сопствените потреби и желби, не само што не можеме да ги разбереме потребите на другите, дури не сме способни ни да ги забележиме. Човекот кој не отстапува, оној, кој што е фиксиран во своите потреби и е убеден во својата правда, никогаш не може да го разбере другиот. Кога пак си стапил на патот во борба со страстите и знаеш колку тежок е тој процес, тогаш можеш да се поставиш на местото на другите, тогаш си готов да пројавиш снисходење и разбирање спрема него. На кој начин се открива нашата христијанска идентичност? Во тоа, што ја имаме способноста да ги разбереме другите. Да, луѓето сме различни! Готов сум да ги разберам другите во нивната различност. Ја примаме различноста на другиот човек и наоѓаме мостови за општење. Што е покајанието? Токму тоа, да ги градиш мостовите во односите. А место тоа што правиме? Издигнуваме ѕидови. Бидејќи се плашиме, сакаме да се пазиме од другиот, да војуваме со него, затоа што гледаме на него како на наш противник и не разбираме, дека тој е член од нашето тело. Ако сепак го осознаеме тоа, започнуваме да отстапуваме, не оставаме ништо неизјаснето. И во тоа има некаква си генијалност – аскетичниот човек е најгенијалниот човек. А најразгалениот, најзаспаниот човек е оној, кој што не прави духовни напори, кој што е потчинет на своето сластољубие. Целата негова свест се угоила и тој го изгубил осетот за околниот свят. Погледот не му стига далеку, нити логиката му е задлабочена, нема мудрост во себе си. А човекот, кој што се подвизува духовно, толку многу работел по нивата на својата душа, така што ја осеќа и најмалата потреба на другиот, престанува да го експлоатира и започнува да ги гради мостовите на општеството.

Ако во центарот на животот си ја поставуваме личноста, тогаш ќе сме способни да жртвуваме определени свои интереси, за да не ја изгубиме врската со другите. Ете, на пример да погледнеме кон односите меѓу двајца сопружници. Каква е целта за некого? Да биде оправдан? Да му кажат – имаш право?!… Наместо тоа, да го примиме тоа право и таа слобода како можност за живот во љубов заедно со другите. Но тоа е возможно, само ако си готов да застанеш на патот, то ест, да ги судиш не другите, туку себе си.

Кога луѓето започнуваат врска, тие се многу вљубени еден во друг, но понекогаш тоа е само на површината. Понекогаш излегува, дека всушност се скарани, затоа што љубовта им е основана на желбата да го задоволат својот нарцизам. Тогаш двата света се различни, во кои што секој од двајцата во врската, не сака да се постави на местото на другиот. Оној, кој што може да создаде реална врска, е човекот, кој што може да се постави на местото на другиот. Сепак, нема да е возможно да го направи, пред да се разбере со самиот себеси, пред да процени што реално сака и што не.

Патот на аскезата е можност да го управуваме словото, постапките и поведението така, што тие да се претворат во утеха за другиот. Не да го рушиме, не да го понижуваме, а да му даваме утеха и надеж, затоа што, ако го утешиш него, е исто како да го утешуваш самиот Бог. Кога даваме радост и утеха на другиот, е исто како да даваш радост и утеха на Бога. Прво ќе дадеш на својот маж, на своето дете… тие се Христос, од нив ќе започнеш, и после тоа и на другите…

Архимандрит Варнава Јанку

Извор: http://pravoslaven-sviat.org

Превод: Божидар Маслинко

 

Претходно: Целта на Покајанието – I дел