Бог е Тој што чека

Божјите очи и „погледот“ постојано се свртени кон човекот, затоа што Неговата намера е да го бара дури и најмалото позитивно расположение во Неговото создание, и Тој влегува во срцето на човекот во истиот момент од неговиот живот, кога тој ќе се сврти кон Својот Создател со малку разбирање и смирение. Бог го чека неуморно човекот, чукајќи на вратата на неговото срце.”Ете, стојам пред вратата и чукам. Ако некој го чуе гласот Мој и ја отвори вратата, ќе влезам при него и ќе вечерам со него, и тој со Мене.”(Откровение 3:20). Така, веднаш штом човекот ќе покаже и најмало расположение на смирение и благодарност, Бог влегува во неговата душа, љубезно го посетува, обновувајќи и регенрирајќи го неговиот живот, и му доделува ново духовно раѓање.

Архимандрит Захариј (Захару)

Превод: Дамјан Божиновски