Лимасолскиот митрополит Атанасиј излезе со официјално писмо до Синодот на Кипарската црква, околу одржувањето на претстојниот Сеправославен Собор. Го пренесуваме преводот од неговото писмо во целост:
Кон Светиот Синод на Светата Кипарска Црква.
Ваше блаженство, свети браќа, кои беа одобрени за разгледување на различните претходни сеправославни средби, а се одржаа по повод подготовката на Великиот и Сеправославен собор, и кои добија статут на официјални текстови за темите, за кои ќе се разговара на Сеправославниот собор. Срдечно ви благодарам што ми ги испративте.
Бидејќи во испратениот Устав за организацијата и поредокот на Светиот и Велик собор на Православната Црква (поконкретно, член 12, параграф 2-3) се спомнува, дека можеме да го израземе нашето гледиште најпрвин на нашиот помесен собор, го изложувам моето скромно мислење пред Сесветата ни Црква, и моите убедувања околу гореспоменатите теми.
Што се однесува на текстот од Петтата претстојна сеправославна средба (која се одржа во Шамбези, Женева, во периодот од 10-17 октомври, 2015 г), кој е именуван „Решенија – односот на Православната црква со останатиот христијански свет“, би сакал да го кажам следното.
Потполно се согласувам со првите три членови од текстот, но од четвртиот член натака, ги имам следните забелешки:
Нашата Православна Црква, молејќи се „за обединување на сите“ – верувам, дека тука се има во предвид враќањето во општење со сите оние, кои отпаднале од Православната црква, а конкретно – еретиците и шизматиците – под услов, да се одрачат од ереста или расколот, и во покајание, запазувајќи ги наложените процедури од Светите канони, да се припојат кон Православната црква.
Православната Христова Црква никогаш не го изгубила „единството во верата и општењето во Светиот Дух“ и идејата за „враќање во единство“ со „оние кои веруваат во Христос“ е неприемлива, зашто сметам, дека веќе е во единство со сите свои чеда, кои примиле Крштение, како и со оние кои правилно Го исповедаат Христос – нешто, што недостасува кај еретиците и шизматиците, и затоа се моли за нив да се вратат во Православието во покајание.
Сметам, дека она, за кое се зборува во чл. 5, а имено – за „изгубеното општење меѓу христијаните“, е погрешно, зашто Црквата, како Божји народ, се наоѓа во единство со себеси, на чело со Христос, и никогаш не го изгубила своето единство, и следствено, нема потреба повторно да го бара, затоа што отсекогаш постоело, постои и ќе постои, зашто Црквата отсекогаш постоела и ќе продолжи да постои. Тоа што се случува, е што одделни општини и народи, или одделни личности се одделуваат од телото на Црквата, а Црквата се моли и треба да продолжи преку својата мисионерска дејност, да ги повикува сите да се вратат во покајание според канонскиот начин во Православната црква.
т.е. Не постојат други Цркви, туку единствено ереси и шизми, и затоа е редно да ја разјаснеме терминологијата. Идејата за „враќање на христијанското единство“ е погрешна, затоа што единството на христијаните, членовите на Христовата Црква, никогаш не престанало да постои, зашто тие остануваат обединети со Црквата. За жал, многупати еретици и шизматици се одделувале од Црквата, но внатрешното општење никогаш не се изгубило.
Се прашувам, зошто во текстот постојано станува збор за „цркви“ и „исповеданија. Која е разликата меѓу нив и кој е критериумот кој ги дели на цркви и исповеданија? Која е Црквата, која е ереста, кои се шизматиците и другите исповеданија? Ние исповедаме една Црква, а сите останати се еретици и шизматици.
Сметам дека богословски, догматски и канонски, да се нарекуваат еретиците и шизматиците „цркви“ е нешто сосема погрешно, зашто една е Црквата Христова, како што се споменува во чл. 1, и не би требало да ги нарекуваме шизматиците или еретиците „црква“, зашто само Православната црква е таква.
Никаде во текстот не се споменува, дека единствениот пат, кој води до единство со Црквата е враќање во покајание на еретиците и шизматиците во Едната света, соборна и апостолска Црква Христова, која според чл.1 е нашата Православна Црква.
Текстот, кој вели, дека „треба да се разбере традицијата на Древната црква“, внушува дека има онтолошка разлика меѓу Древната црква на светителите од седумте Вселенски собори и Црквата која ни е позната до ден денешен – нашата Православна црква. Веруваме, дека нема никаква разлика меѓу Црквата од XX в., и Црквата од I в., како што исповедаме во Символот на верата, кој вели, дека Црквата е апостолска.
Во чл. 12 се вели, дека заедничката цел на богословските дијалози е „полното востановување на правилната вера и љубовта во единството“. Оставаме со впечатокот, дека ние, православните бараме начин да се вратиме во правилната вера и единството во љубовта, како да сме ја изгубиле правата вера и преку богословските дијалози со инославните се обидуваме да ја најдеме. Сметам, дека тоа е недопустливо за сите нас.
Спомнувањето во текстот за „Светскиот совет на црквите“ отвара можност да ја изразам мојата позиција по повод на некои доскорешни противканонски настани, кои се случија под едно или друго име, зашто во тој Совет, нашата Црква се смета за „една од многуте“ или како клон на Едната Црква, која бара начин и се бори за нејзиното востановување преку тој Световен собор. Но за нас, една е Црквата која ја исповедаме во Символот на верата, а не многу.
Гледиштето, дека запазувањето на нашата позната православна вера се осигурува само преку соборниот систем како единствен „компетентен и веродостоен орган по прашањата за верата“, е преувеличено и ја пропушта вистината, зашто во црковната историја имало многу Собори кои озакониле погрешни и еретички догми, додека пак истовремено, православниот народ им се спротивставувал и ја запазувал православната вера, кога Православието победувало. Ниту соборот без верниот народ, без полнотата на Црквата, ниту народот без Соборот на епископите може да се смета себеси за Тело Христово и Црква Христова, која правилно го исповеда животот и догмите во Христос.
Потполно разбирам, Ваше Блаженство и свети мои собраќа, дека во наши дни не можеме во современите црковни текстови од тој вид да се користиме со навредливи и рески зборови, ниту пак сметам дека некој има потреба од тоа. Но, вистината треба да биде секогаш точно и јасно изразена, се разбира, со пастирско расудување и вистинска љубов кон сите. Должни сме кон браќата, кои се во ерес или шизма, да бидеме потполно искрени и со љубов и болка да се молиме да се вратат во Црквата Христова.
Смирено сметам, дека текстовите од таква важност и значење на Сеправославниот Собор треба да бидат многу внимателно прегледани до секој богословски и канонски детал, за да не претрпат влијание од такви неточни и неправилни богословски термини и погрешни забелешки, кои би можеле да доведат до погрешни толкувања на православното разбирање на Православната црква. Освен тоа, за еден Собор да биде валиден и канонски, во никој случај не смее да се отклонува од духот и учењето на претходните Собори, учењето на светите отци и Светото Писмо, и секогаш јасно да ја одразува правилноста на нашата вера.
Кога од светите отци и кога и каде во текстовите на светите канони или на Вселенските или Помесните свети собори, еретиците и шизматиците се определуваат како “цркви“? Ако ересите се цркви, тогаш каде е Едната Христова и апостолска Црква?
Смирено ја изразувам мојата несогласност околу отпаѓањето на практиката на сите досега Свети Собори – локални и Вселенски, секој епископ да има и свое право на глас. Никогаш немало таква практика – секоја црква да има свој глас, кој ќе го претставуваат претстојателите како декоративен елемент на Великиот и Свет собор, лишувајќи ги о дправото на глас.
Имам и други забелешки на различни точки од текстот, но не би сакал да ве заморувам дополнително, па затоа се ограничувам само на прашањата, кои според мене се најсуштински, скромно изразувајќи ја нашата несогласност и убедувања.
Не би сакал никого да огорчам со ова, што го пишувам, и не би сакал да излезе така, дека ги осудувам и поучувам браќата и отците во Христа. Но, чувствувам потреба да го искажам она, кое ми го наложува совеста.
Молам, моите ставови да бидат разгледани на секојдневниот ред на Светиот Синод.
По вашите молитви,
Најмалиот меѓу браќата во Христа,
Атанасиј, митрополит на Лимасол
11 февруари, 2016 година
Извор: http://dobrotoliubie.blogspot.mk/2016/02/blog-post_73.html