Од чудата на свети Јован Кронштадски

Веста за упокојувањето на големиот молитвеник, приснопамјатниот протојереј отец Јован Илич Сергиев Кронштадски брзо се разнела низ целиот свет.  Во кронштадската поштенско-телеграфска служба пристигнале илјадници телеграми кои изразувале сочувство за упокојувањето на подвижникот. Во Кронштад било отидено и старо и младо и богато и сиромашно, интелектуалци и прости луѓе.

Во ноќта 21 и 22 декември, кога телото на отец Јован за последен пат се наоѓало во Андреевската црква во градот Кронштад, на простување со покојниот пастир дошле не само жителите од градот, туку многу гости и од другите градови. Во цркавата било тесно. Кај што се наоѓал кивотот едвај можело да се помине, но народ доаѓал постојано. Оделе и болни, очекувајќи дека на опростувањето со телото на нивниот драг молитвеник ќе добијат олеснување на своите страдања.

„Јас бев исто така присутна – говори Татјана Сергеевна Смирнова – бидејќи премногу го почитував покојниот баќушка и доаѓав и порано кај него во Кронштад. Во последно време ме болеше раката. Тоа беше некоја чудна болест. На десната рака, околу дланката, ми се појави некоја не многу голема црвена флека. Потоа се зголемуваше и се прошири на целата дланка и рака, сè до лакотот. Докторите не најдоа ниту лишај, ниту егзем бидејќи немав чешање. Ми беше многу непријатно поради раката. Дознавајќи за баќушкиното упокојување отидов да се простам со него, но приоѓајќи покрај неговиот кивот одлучив да се помолам за исцеление на мојата рака.“

Понатаму раскажуваше, како ја положила својата болна рака на раката на приснопамјатниот во Бога, починат пастир.

„Ми  се чинеше дека раката на баќушката е толку топла, така и мојата исто стана топла и лесна, и во себе почувствував големо олеснување.!“

Утрото отишла да го испрати телото на отецот.

По враќањето во Петроград, забележала дека нејзината состојба била подобрена и дека повеќе не ѝ потребен мелем кој долго време го земала од Палејвската аптека.

Знаете, тоа не е единствен случај на исцеление по молитвите на баќушка Јован Кронштадски во нашата фамилија. Летото, мојот четиригодишен роднина Митја Каравашкин доби очна болест“.

  • Каде живее тој?
  • Недалеку од овде. На Палевскиот булевар. Нашата куќа е број 6 а тие се неколку куќи подалеку.

Го однесоа во Кронштад кај баќушката. Се задржаа во Домот на трудољубивите. Таму го сретнаа и баќушката. Му пријде на момчето и нежно ја положил раката на главата. „Биди здрав!“ – весело рекол отец Јован. И од тој ден видот на малиот почна да се подобрува. Потполно оздрави“.

Т. С. Смирнова мене ми остави впечаток на жена која длабоко верува во силата на незаборавниот вселенски молитвеник. Нејзината приказна внесе несомнена искреност и цврста убеденост.

Така постепено се покажува голема сила на молитвите на верните принесени покрај телото на оној кој  и за животот стекнал сеопшто почитување благодарејќи на својата неприкосновена вера во милоста Божја, преку која се удостоил за благодат и цел свој живот го провел соединет со Христос.

Николај Буланов

По молитвите на Свети Јован Кронштадски Господ Исус Христос да се смилува на нас грешните и да нѐ спаси. Амин.